Што е тоа? Зборот атаксија потекнува од Грчки збор што означува “без ред”. Причина за тоа се оштетувањата на сензорните нерви, моторните нерви или нивното процесирање. Таа не е резултат на слаба мускулатура. Атаксија се однесува на дезорганизирани, несмасни движења и потешкотии во одржување на рамнотежа. Таа неретко е поврзана и со нарушена функција на сетилото за вид. Координација на движењето бара повеќе делови од нервниот систем да функционираат здружено. Доколку една регија е оштетена може да се јави атаксија. Докторот го прегледува пациентот со цел да одреди дали атаксијата е предизвикана од дисфункција на големиот мозок, рбетниот мозок или нервите. Најчесто одговорна регија одговорна за атаксија е малиот мозок.
Проблемот со рамнотежа и координација (ataxia) е честа појава кај лицата со МС. Овој проблем знае дополнително да го отежни животот на овие лица.
- Некоординирани, несмасни движења на рацете;
- Неконтролирано тресење (тремор). Најчесто зафатени се рацете но, може да се афектирани и нозете, главата или целото тело;
- Потешкотии со одржување на рамнотежа при исправена положба;
- Страв од паѓање (basophobia), а со тоа и страв од општа подвижност (kinesiophobia);
- Потешкотии со одење кое вклучува: – Одење со нозе широко отворени – Навалување или паѓање на една или друга страна – Неможност за одење по права линија – Чести паѓања поради нестабилност;
- Проблеми со говор, главно нејасно зборување;
- Неможност за извршување на дневните обврски;
- Проблеми со окуломоторниот систем, што предизвикува двојно гледање или нејасен, замаглен вид;
- Вртоглавици (vertigo).
Постојат три типа на атаксија, коѝ ги сретнуваме кај лицата со МС.
- Церебелумна атаксија;
- Вестибуларна атаксија;
- Сензорна (Проприоцептивна) атаксија.
Церебелумна атаксија означува атаксија поврзана со нарушена функција на церебелумот(мал мозок). Предизвикана е од лезии (склери) на церебелумот или деловите на мозокот коѝ се поврзуваат до него. Ова предизвикува неколку основни невролошки дефицити. Кои и како овие дефицити ќе се манифестираат зависи од тоа кои структури на церебелумот се зафатени, и дали лезиите се билатерални или унилатерални.
Невролошки дефицити и тоа:
- Атаксија на одот – неконтролирано одење
- Нистагмус – неконтролирано и брзо повторувачко движење на окото
- Хипотонија или млитавост – состојба на намален тонус на телото
- Дисдиахокинезија – неможност за изведување брзи наизменични движења
- Интенционен тремор – Тремор при обидување да се изведат фини движења
- Дисартрија – пореметување на артикулацијата на говорот (зафатени се нервите кои ги инервираат мускулите задолжени за формирање на гласот.
- Дисметрија – недостаток на координација на движењето што резултира со над или под целниот објект и неспособност правилно да се процени растојанието
Вестибуларна атаксија означува атаксија поврзана со нарушена функција на вестибуларниот систем, која во акутни и унилатерални случаи е асоцирана со истакната вртоглавица (vertigo), лошење (nausea) и повраќање (vomitus). Во бавно-прогресирачките хронични билатерални случаи на вестибуларна дисфункција, овие карактеристични манифестации може да не се присутни, и дисеквилибриум да е единствена презентација.
Кај лицата со МС, вестибуларната атаксија е настаната поради лезии на продолжениот мозок и на вестибуларниот апарат.
Таа може да резултира со:
- Потешкотии со одржување на баланс;
- Vertigo – вртоглавици, лошење, повраќање;
- Нистагмус – неконтролирано и брзо повторувачко движење на окото
Сензорна (Проприоцептивна) атаксија
Сензорна атаксија означува атаксија поврзана со загубена проприоцепција (е чувство на релативната позиција на соседните делови на сопственото тело), кое се заснова на загубената функција на дорзалните делови на ‘рбетниот мозок, бидејќи тие пренесуваат проприоцептивни информации нагоре до големиот мозок; или во ретки случаи, може да има загубена функција на различни делови од мозокот кои ја примаат таа информација како, церебелум, таламус и париеталните регии на мозокот.
Сензорна атаксија предизвикува нестабилен тежок од нагазувајќи на петите, како и постурална нестабилност која значително се влошува кога проприоцептивниот инпут не може да се замени со визуелен инпут, како во лошо осветлени соби. Ова резултира со намалена фукција на оние нерви кои ни даваат повратна информација за тоа каде се наоѓаат екстремитетите во просторот.
Таа може да резултира со:
- Неможноста да се осетат вибрации
- Знак на Ромберг – нестабилно стоење
- Загуба на сетилото за проприоцепција – каде ни се рацете и нозете во просторот
Тестови за координација, баланс и одење.
Координацијата и одењето бараат интегрирање на сензорните и моторните нерви на големиот мозок и ‘рбетниот мозок. Се бара од лицето да оди по замислена права линија, ставајќи ги стапалата едно пред друго. Се бара од лицето со неговиот показалец прст да го допре прстот на клиничарот, па потоа сопствениот нос, и така да ги повторува тие постапки забрзано неколку пати. Потоа се бара до лицето истите постапки да ги направи со затоврени очи.
За тестот на Ромберг, се бара од лицето да застане со стапалата допрени едно до друго, без да ја изгуби рамнотежата, а потоа со затворени очи. Доколку ја изгуби рамнотежата при затварање на очите, тоа означува дека информацијата за позицијата на неговите нозе не стигнува до мозокот и обратно.
Wilkins A. Cerebellar Dysfunction in Multiple Sclerosis. Front Neurol. 2017 Jun 28;8:312. doi: 10.3389/fneur.2017.00312. PMID: 28701995; PMCID: PMC5487391.
3 коментари
Milena
Ve molam za pomos.
Mojot soprug 43 godini prezivea teski mozocmi idari prvite dva masiven imfrakt vo ist den i tretiot na 19ti den od prvite. Najpogoden mal mozok i centar za ramnoteza. Problem so ocite strsen. Desnoto oko odi samo desno i pravo na levo nikako. Zenicata isye e golema, levoto e dobro. Ama pravi problem. Me. Znae. Kade. E viluskata. Ako e levo ja bara. Desno.
Na noze. Zastanuva no so odenje epten tesko. Dva meseca doma So fizioterapevt.
Sega dojdovme vo Bansko. Rezultati za odenje epten nikako..
Ve molam. Za. Pomos.
Kako. Da. Ja vratime. Rmotezata? .. Ili dali voopsto nekohas ke se vrati? Ve molam. Za. Iskren odgovor
Sneza
Ve molam za pomos.
Mojot soprug 43 godini prezivea teski mozocmi idari prvite dva masiven imfrakt vo ist den i tretiot na 19ti den od prvite. Najpogoden mal mozok i centar za ramnoteza. Problem so ocite strsen. Desnoto oko odi samo desno i pravo na levo nikako. Zenicata isye e golema, levoto e dobro. Ama pravi problem. Me. Znae. Kade. E viluskata. Ako e levo ja bara. Desno.
Na noze. Zastanuva no so odenje epten tesko. Dva meseca doma So fizioterapevt.
Sega dojdovme vo Bansko. Rezultati za odenje epten nikako..
Ve molam. Za. Pomos.
Kako. Da. Ja vratime. Rmotezata? .. Ili dali voopsto nekohas ke se vrati? Ve molam. Za. Iskren odgovor
Bojan Dimkovski
Dobar den, potrebno e da se napravi celosen pregled za da se utvrdi momentalnata sostojba i ponatamosniot plan za rabota. Postojat vezbi za ovoj problem so vestibularniot sistem odnosno ramnotezata koi mozam da vi gi ispratam na e-mail, so koi toj samiot ke moze vo domasni uslovi da si gi izveduva. Za podetalni objasnuvanja ve molam pobarajte me na telefonskiot broj 078/287-940. Pozdrav Bojan.