Напредно
Пребарување

Што е ласерска терапија?

Терминот Ласер е акроним од Light Amplification by Stimulated Emission of Radiation – LASER кој означува уред што емитува светлина преку оптичко засилување со стимулирана емисија на зрачење.

Постоја два типа на ласери кои е употребуваат во медицината и тоа се ниско интензивен (LLLT) и високо интензивен ласер (HILT) .

Нискоинтензивната  ласерска терапија, уште може да се нарече и фототерапија или биомодулација која  претставува биостимулативна ласерска терапија при која енергијата генерирана од ласерски уред, со употреба на црвена и инфрацрвена светлина се насочува врз ткивото при што има повеќекратно позитивно дејство. Таа енергија врз клетките има биостимулативно дејство, забрзувајќи го процесот на регенерација и заздравување на ткивото а исто така има и антиинфламаторно дејство  намалувајќи го воспалението и болката на клеточно и системско ниво.

За ласерската биостимулација, се користи уреди со моќност во опсег од 1 до 500 mW. Третманите се апсолутно безболни,поради што можe да се користат за хронични ,субакутни и за акутни состојби.Уредот за нискоинтензивна ласерска терапија  LLLT генерира бранова должина која  варира од 632 до 904 nm со што се влијае на функцијата на клетките на сврзното ткиво (фибробласти), со што го забрзува процесот на регенирација и делува како антиинфламаторно средство. Брановите должини помеѓу 660 nm и 905 nm имаат способност да навлезат во кожата во меките и тврдите ткива. Оваа светлина има добар ефект врз намалувањето на болката и воспланието.За време на третманот,температурата на ткивото се зголемува за помалку од 0,5 степени целзиусови. Ласери кои генерираат зрачење од 500-760 nm во должина се користат за зрачење на ткива лоцирани плитко под кожата, додека кај подлабоко лоцирани болести ткивото се зрачи со 800-950 nm инфрацрвено зрачење.

Параметрите на лекување се приспособени на спецификите на болеста, а ефективноста на третманите зависи од нивното соодветно прилагодување. За различни услови се користат различни бранови должини на зрачење и различни дози на енергија..

Како ласерската биостимулација им помага на пациентите?

Влијанието на ниско-енергетското ласерско зрачење врз ткивото вклучува:

  • Антиедематозно дејство
  • Антиинфламаторно дејство
  • Подобрување на микроциркулацијата
  • Забрзување на реконструкцијата на ткивото
  • Стимулирање на имунолошките процеси
  • Подобрување на микроциркулацијата,
  • Стимулација на ангиогенезата,
  • Зголемување на амплитудата на потенцијалите за активност со нервните влакна,
  • Зголемување на ензимската активност,
  • Промени во потенцијалот на клеточните мембрани,
  • Промени во секрецијата на невротрансмитери, хормони и кинини.

На ниво на клетки следува:

  • забрзување на размената на електролити помеѓу ќелијата и околината,
  • зголемување на биолошката активност,
  • анти-мутаген ефект,
  • промени во структурата на течните кристали на биолошките мембрани
  • зголемување на синтезата на колаген, протеини, РНК и АТП.

 

Покрај тоа,ефектот од користењето на ласерската биостимулација е меѓу другото,зголемено ниво на ендорфин,зголемена активност на натриум-калиум пумпа,зголемена синтеза на АТП, ДНК и РНК,поефикасна апсорпција на лимфедемот,зголемена фагоцитоза и ангиогенеза и зголемен број на митохондрии во клетка (побрз клеточен метаболизам). Ласерската биостимулација се користи со години во физикалната терапија. Овој метод особено се препорачува за тешко заздравувачки рани, чиреви и за лекување на болка.

Употреба на ласерска биостимулација.

Кои болести ги лекува?

Овој безбеден метод има голем број на примени во физикална терапија.

Индикации за употреба на ласерска биостимулација се следниве болести:

  • Дегенеративни промени во зглобовите
  • Дегенеративни промени на ‘рбетот
  • Невралгија
  • Субакутни и хронични состојби на ткивата
  • Субакутни и хронични состојби на зглобовите
  • Декубити, чиреви и хематоми
  • Латерален епикондилитис
  • Гихт
  • Синдром на карпален тунел
  • Мускулна болка поради повреда
  • Калканеален шилец
  • Фрактури, исчашувања, дислокации
  • Парализа на нервите
  • Рани кои тешко се лекуваат .

Третманите кои ги користат корисните својства на ласерите во моментов се користат, меѓу другото, во дерматологијата, стоматологијата, спортската медицина и козметологијата.

 

Остави го твојот коментар.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.