За Нас
Платформата fizioterapevti.mk постои од 2014 година како дел од друга веб страница ,но од 2018 постои самостојно во нов формат надградена со голем број на физиотерапевтски профили , но истотака и голем број на едукативно-информативно текстови наменети за широката популација со цел да ја направи попристапна физиотерапијата пред македонските граѓани .
Од Јули 2024 година започна ао работа и онлјан продавница на платформата со што на физиотерапевтите им ја олеснува работата нудејки им опција за набавка на оригинални и квалитетни уреди и потрошни материјали .
Воедно истата година активиран е и системот за закажување на термини , со што секој физиотерапевт добива можност да користи бесплатен систем за организирање на својата работа .
Оваа мрежа е наменета за сите физиотерапевтите без разлика дали членуваат во некое физиотерапевтско здружение , тука нема услови едноставно нудиме можност за секој физиотерапевт да започне да ја промовира својата работа и себе си со свои едукативни текстови наменети за пациенти , а воедно и да бидат дел и од Македонската мапа на физиотерапевтите со која ќе им помогнеме на пациентите полесно да дојдат до професионален третман.
Секој физиотераепвт може да создаде свој професионален профил БЕСПЛАТНО кој нуди голем број на опции за сопствена промоција но и брза и едноставна комуникација со своите потенцијални клиенти/пациенти .
Воедно ,секој пациент кој има потреба од консултација може истотака да активира бесплатен профил со што ќе може да комуницира со физиотераепвтите преку чат опцијата на веб страницата .
Сопственик и основач на веб платформата е Блаже Арсов Дипл.Физиотерапевт ,Специјалист за рeхабилитација во хирургија ,трауматолигија и ортопедија