Физиотерапевтите лекуваат мускулни и коскени заболувања или делови на циркулаторниот или на нервниот систем со рачни методи и со ултразвучни, загреани, ласерски или слични техники, или применуваат физиотерапија и сродни терапии за олеснување на движењето и болките како дел од лекувањето на физички неспособните, ментално болните или неурамнотежениете. Задачите вклучуваат: а) испитување на мускулите, нервите и рефлексите на болните за да се утврди степенот на проблемот кај пациентот; б) разгледување на рентгенски снимки за да се дијагностицира болката; ц) планирање на третмани и дизајнирање на програми за намалување на физичката болка и зајакнување на мускулатурата, мобилноста на зглобовите и подобрување на рамнотежата; д) спроведување постапки на физикална терапија (хидротерапија, криотерапија, парафинотерапија, масажи, електротерапија); е) спроведување на кинезитераписки постапки во професионалната рехабилитација; ф) рачно масирање, акупунктура и акупресурна масажа во рехабилитациски
от процес; г) примена на балнеотерапија; х) советување на пациентите за постапките кои треба да се преземаат надвор од клиничкото лекување; и) водење на медицинска евиденција за пациентите; ј) одржување на консултации со други стручњаци од областа на физиотерапијата; к) изработка на научни трудови и пишување на извештаи; л) вршење на сродни задачи; м) надзор на други соработници.
“Ensar Shabani” Одговори