HALLUX VALGUS – Деформирмитет на палецот на стапалото

  1. Почетна
  2. Едукативни
  3. HALLUX VALGUS – Деформирмитет на палецот на стапалото
halluxValgus
Hallux Valgus претставува најчест деформитет на кој може да наидеме на подрачјето на стапалото, односно на предниот дел од стапалото. Разликува 4 облици на Hallux Valgus, а тоа се статички, природен, воспалителен и посттрауматски Hallux Valgus. Најчест е статичкиот Hallux Valgus кој е поврзан со постоење на други статички деформитети на стапалото како што се ples transversoplanus и pes planovalgus. Речиси 25% од населението имаат таков деформитет во помал и поголем облик. Hallux Valgus најчесто се јавува после четвртата деценија на живот, a почесто кај жените. Не постои причинител кој делува врз појавата на Hallux Valgus, секогаш зборуваме за предиспозиции кои доведуваат до овој деформитет. Постојат две групи на причинители:
  • ендогени – поврзани се со анатомските варијации на градбата на стапалото, кои се наследни (анатомска варијација на абдукторите и аддукторите на палецот, кога првата метатарзална коска е значително помала од втората, слабост во мускулно – лигаментарниот состав и др.).
  • егзогени – носење на нефизиолошки обувки, долготрајно стоење, одење по рамна и тврда површина и сл.
  HALLUX VALGUS се карактеризира со:
  • валгус позиција на палецот;
  • зголемување на првиот интерметатарзален агол;
  • псеудоегзостоза, односно бурзитис во подрачјето на медијалната надворешна главичка и метатарзалната коска;
  • внатрешна ротација на палецот во изразени случаи.
  Како настанува Hallux Valgus?   Деформитетот обично се појавува уште во адолесценција и постопено напредува. Да би стапалото имало нормална функција важен е правилниот облик и положбата на коските, развиени и јаки мускули како и цврсти лигаменти. Ако дојде до несразмерност помеѓу силата на стапалото и оптоварување, сводовите на стапалото почнуваат да попуштаат. Доаѓа до одделување  на првата и петатат метатарзална коска така да предниот дел на стапалото е лепезасто проширен. Првата метатарзална коска оди во аддукција, а палецот оди во абдукција бидејки тој има напнати тетиви на мускулите и не може да го прати разделувањето на првата метатарзална коска. Исто така поради тесни и нефизиолошки обувки палецот ја зголемува појавата на аддукција на првата метатарзална коска. На тој начин доаѓа до сублуксација во метатарзофалангеалниот зглоб. Главичката на првата метатарзална коска проминира медијално предизвикувајќи псеудоегзостоза. Бурзата која се наоѓа тука често поради притисок на обувките се воспалува, особено во зимскиот период. Дијагноза на Hallux Valgus Дијагнозата кај овој деформитет може да се постави со клинички преглед, а вистинските промени на коскените структури се докажуваат со РТГ наод. Кај овој деформитет често доаѓа до појава на рамно стапало па освен дијагноза за hallux valgus често се поставува и дијагноза за промени во сводот на стапалото. ЛЕКУВАЊЕ НА HALLUX VALGUS Постојат два вида на основен пристап во лекувањето на овој деформитет – конзервативно со примена на физикална терапија и оперативно. Физикалната терапија вклучува медицинска гимнастика од типот на вежби за јакнење на структурата и мускулите на стапалото, особено флексорите и екстензорите на палецот. Многу е важна едукацијата на пациентот и тоа од типот на носење на соодветни обувки. Се препорачува носење на метатарзално перниче, а постојат и силиконски влошки кои се поставуваат помеѓу палецот и двата прсти при што физички се кочи прогресијата на деформитетот. Кога ќе дојде до воспалителна фаза  се применуваат процедури со кои што ќе се намали воспалителниот процес. Се применува магнетна терапија, ултразвук и електротерапија. Во поново време се користи и кинезиотејпинг и тоа со посебен начин на лепење на лентите кој што помага палецот да се поместува кон напред. Тоа е успешно во раната фаза и е потребно подолго време за да се добијат правилни резултати. Оперативниот третман овозможува исправување на деформитетот кој што настанал на метатарзофалангеалниот зглоб при што палецот се враќа во почетна позиција. После оперативниот третман неизбежно важна е физикалната терапија за да се одржи обемот на движење и да се врати мускулната сила. Оперативното решавање на проблемот не гарантира дека истиот нема повторно да се појави, но кај поизразени деформитети може да ја олесни состојбата.Исклучително важно е пацинетите да се консултираат со физиотерапевт кој ќе направи проценка за соодветно ортопедско помагало и водење на протоколот за физикална терапија во процесот на лекување.
Avatar

Блаже Арсов

Автор Од:  септември 6, 2018

Дипломиран Физиотерапевт
Сертифициран Кинезиотејпинг практичар CKTP
Жан Митрев Клиника
Скопје,Република Македонија
е-маил: blaze.arsov@zmc.mk