Терапевтски модалитети при менаџирање на спротски повреди

  1. Почетна
  2. Едукативни
  3. Терапевтски модалитети при менаџирање на спротски повреди
electrostim
Со текот на годините се применуваат се поголем број на електротерапевтски методи при менаџирањето на спортските повреди, а најчести се: Ултразвук: Ултразвукот се применува со цел локално да се зголеми протокот на крв и да се намали болката преку тремички ефект. Пулсирачкиот ултразвук со низок интензитет е покажан како успешен при третирањето на фрактури во акутна состојба. Ова се однесува на третман од 20 минути днево за разлика од традиционалната примена на ултразвукот од 5 минути на ден. Третманите покажуваат побрзо исцелување и што поскоро враќање во спортот. Овој метод се почесто се користи во рехабилитацијата.   ТЕНС: Транскутаната електронервна стимулација (ТЕНС) обезбедува ослободување од болката преку директни стимулации примени преку кожата. Високата фреквенција на ТЕНС-от може да овозможи брзо ослободување од болката но со текот на времето пациентите може да станат толерантни. По обезболувањето на пациентот му се овозможува повторно движење во зглобот и олеснување на рехабилитацијата. Ниските фреквенции на ТЕНС-от делуваат како акупунктура, односно како аналгетик и повеќе се корисни за намалување на грчевите во мускулатурата. Интерферентни струи: Претставуваат електротерапија во која две неизменични струи истовремено делуваат врз кожата со што мускулите се стимулираат на сличен начин како нормалната мускулна контракција. Имаат аналгетско дејство врз болката и го намалуваат отокот, ги стимулираат мускулите и ја зголемуваат клеточната активност. Ова претставува единствен вид на електротерапија кој може да се употреби и во присуство на остеосинтетски материјал. Нервномускулна стимулација (НМС): Се користи за одржување на сликата и флексибилноста на мускулатурата како и за да се намали атрофијата за време на процесот на лекување. Оваа метода е слична на ТЕНС методатано сепак постои опција за вклучување/исклучување, со што се овозможува мускулите да се релаксираат после секоја контракција. Со самото поттикнување на мускулната контракција ќе се овозможи намалување на атрофијата и побрза рехабилитација.
Avatar

Блаже Арсов

Автор Од:  септември 6, 2018

Дипломиран Физиотерапевт
Сертифициран Кинезиотејпинг практичар CKTP
Жан Митрев Клиника
Скопје,Република Македонија
е-маил: blaze.arsov@zmc.mk