Синдромот Guillain-Barre (Ghee-YAN Bah-RAY) (GBS) е ретко, автоимуно нарушување во кое доаѓа до оштетување на нервите од имунолошкиот систем, предизвикувајќи мускулна слабост, а понекогаш и парализа. GBS може да предизвика симптоми кои траат од неколку недели до неколку години. Повеќето луѓе целосно закрепнуваат, но некои имаат трајно оштетување на нервите. Има повеќе клинички форми на GBS. Најчести се:
- Miller-Ficher , која се третира како лимитирана форма на GBS. Во неа се здружени целосна офталмоплегија, атаксија и тетивна арефлексија.
- Акутни аксонски моторни и сензо-моторни форми,кои протекуваат во тешка денервација.Поради тоа тие имаат полоша витална и функционална прогноза од класичната форма на болест.
Кои се симптомите на GBS?
Луѓето со GBS обично прво доживуваат слабост или чувство на пецкање на двете нозе, но често слабоста може да се прошири на рацета и горниот дел од телото. Во тешки случаеви, симптомите може да се зголемат и лицето да стане парализирано. Симптомите може да напредуваат со часови, денови или недели, а слабоста обично достигнува максимум во првите две недели по појавата на симптомите. Закрепнувањето може да потрае само неколку недели или неколку години.
Што предизвикува GBS?
Околу две третини од луѓето со GBS имале дијареа или респираторни заболувања неколку недели пред да развијат симптоми. Инфекцијата со Campylobacter jejuni, која предизвикува дијареа, е еден од најчестите фактори на ризик за ГБС. Луѓето, исто така, може да развијат GBS по некои други инфекции, како што се грип, cytomegalovirus, Epstein Barr virus и вирусот Зика. Многу ретко, луѓето развиле GBS неколку дена или недели по примањето на одредени вакцини.
Околу 1 на секои 1.000 пријавени болести на Campylobacter доведува до GBS. Се смета дека дури 40% од случаите на GBS се предизвикани од инфекција со Campylobacter.
GBS е ретка, а зафаќа само околу 1 од 100.000 луѓе. Се проценува дека 3.000-6.000 луѓе развиваат GBS секоја година во Соединетите Држави.
Секој може да развие GBS; сепак, почеста кај мажите и кај возрасните постари од 50 години.
Како се третира GBS?
Вообичаените третмани вклучуваат размена на плазма (процедура која го отстранува и заменува течниот дел од крвта) и терапија со високи дози на имуноглобулин.
Терапевтот треба да избере специфични вежби за да ја подобри силата на послабите мускули за да може да се врати нивната првобитна функција.
Целите на физиотерапевтскиот третман се:
- Враќање на независноста на пациентот во секојдневните задачи.
- Подобрување рамнотежа и координација
- Одржување чисти дишни патишта (респираторни вежби,перкусиона терапија)
- Спречување на инфекција на белите дробови
- Превенција од декубити
- Одржување на периферна циркулација