Напредно
Пребарување

Flossing техникa

Flossing техникa (главно познато по имињата на брендовите: RockFloss ,Rogue Fitness Voodoo Floss или EasyFlossing ) е сè попопуларен метод кој многу често се користи од стрнана на физиотерапевтите во светот. Терминот Flossing често се користи истовремено со  Blood Flow Restriction training  (BFRT)  т.е тренинг со рестрикција на крвниот проток.

BFRT и  FLOSSING вклучуваат примена на надворешен притисок над или под мускул или зглоб на екстремитетите, обично со користење на еластична лента. Притисокот обезбеден од завитканата лента безбедно го одржува артерискиот доток на крв, но го намалува или затвара венскиот одлив дистално од местото.

 

Теорија

 

Најновите истражувања регистрираат зголемени бенефити  од оваа техника при :

  • зголемување на обемот на мобилност на определени зглобови (глужд,колено,рамо)
  • намалување на мускулната болка
  • алтернативен третман на Осгуд-Шлатер-ова болест
  • подобрувања во перформансите на скок и спринт
  • подобри перформанси за време на тренинг/натпревар
  • превенција на повреди
  • подобро закрепнување на мускулите
  • зголемување на мускулната големина

 

Примената на траките за flossing предизвикува компресија и венска констрикција. Во зависност од посакуваниот исход, терапијата може да се користи во комбинација со вежби. Истражувачите откриле дека во врска со користењето техники за ограничување на протокот на крв, вежбите со отпор со низок интензитет покажуваат зголемена електромиографска активност (ЕМГ) во споредба со вежбањето само со отпор. По отстранувањето на компресијата, повторната перфузија на мускулното ткиво теоретски ги носи овие посакувани промени.

 

Примена на техниката 

 

Практичната употреба генерално е наменета за перфиерните зглобови и мускули (нозете и рацете). Цел може да бидат вкочанети зглобови и/или затегнати мускули.

Процесот вклучува:

  • Поставување на флосинг траката околу екстремитетот (мускулите или зглобот) од проксимално до дистално;
  • 2 минути за третман;
  • Зглобот или мускулот може истовремено да се активираат активно или пасивно за време на третманот.

Примената на flossing траките  потенцијално може да биде корисен метод при спроведување на тековните техники за третман на акутна вкочанетост , при истегнување на зглобовите и враќање на нормалниот обем на подвижност на зесегнатиот зглоб.

Лесно се комбинира со кинезиотејпинг,мануелен третман, кинезитерапија и електротерапија .

 

Остави го твојот коментар.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.