Tехнолошки достигнувања во современата физиотерапија како алатка за рана рехабилитација

430096_1_En_19_Fig2_HTML

Определени заболувања или состојби од  невролошки или пост хируршки карактер најчесто ја ограничуваат мобилноста на пацинетите , со што се создаваат и услови за појава на различни видови на компликации во периодот на нивното лекување. Како на пример декубит , длабока венска тромбоза, намалување на мускулниот тонус и обем ,контрактури, намален белодробен капацитет, бронхопневмонија, продолжена механичка вентилација и др. Имајки предвид фактот дека е потребно  големо  внимание за успешен третман со поголем бенефит  за пациентите, непходно во процесот на рехабилитација е  да се започне веднаш штом се створат услови за тоа, и да се искористат новите технолошки пронајдоци односно современа апаратура. Апаратите за моторизирано вежбање помагаат во обновувањето на изгубените движења на екстремитетите. Потребно е само соодветно дозирање и избор на потребниот програм од нивниот софтвер за безбеден и успешен третман на пациентите .

Новите технолошки достигнувања во современата физиотерапија можат значително да го потпомогнат и забрзаат процесот на рехабилитација или да ги превенираат најчестите очекувани компликации .

Мозокот има способност самиот да се реорганизира после определена штета после мозочен удар или трауматска повреда и да ја преземе функцијата на оштетените регии. За да се искористи оваа способност потребно е да се спроведат  т.е  да се стимулира  мозокот со   редовни и интензивни повторувања на определени движења на големите зглобови на горните и долните екстремитети. Со помош на моторизираните уреди за оваа намена под контрола на физиотерапевтите се спроведуваат различни кинезитерапевтски програми со кои се постигнуваат зададените цели. Раната мобилизација на пациентите додека престојуваат на одделението за интензивно лекување е една од целите кои можат да се постигнат доколку навремено се применуваат редовни пасивни движења на екстремитетите со помош на вакви уреди. Индивидуалниот пристап кој го нудат овие уреди овозможуваат да се забрза процесот на одвикнување од машината за дишење , скратување на времето на болничкиот престој а тоа води кон подобрување на  здравствената кондиција на пациентите .

Постојат различни видови на роботизирани уреди кои имаат за цел да го потпомогнат и забрзаат процесот на рехабилитација . Современата физиотерапија познава ,различни брендови на индивидуални роботизирани тренажери за горни и долни екстремитети , вертикализатори  т.е  елеватори  и уреди за трансфер на пациенти кои во модерните болници се основен инвентар.

Индивидуалните тренажери за горни и долни екстремитети се најважни во периодот додека пациентите се хоспитализирани или врзани за кревет  поради определена  состојба. Нивната предност е тоа што овие уреди можат да бидат користени и додека пациентите се поврзани за определени апарати  заради  за нивно одржување во живот.на пример апарати за диајлиза,апарати за дишење и тн. При овие состојби  тренажерите можат пасивно или активно потпомогнато да  ја  одржуваат на мобилноста на зглобовите на долните екстремитети а со тоа и да го одржат и мускулниуот тонус  и да го подготват пациентот за понатамошниот дел од рехабилитацијата т.е негова вертикализација.

Индикации за користење на овие индивидуални тренажери се состојби после черепно мозочни трауми, спинални трауми, состојби после мозочен инсулт, демиелинизнирачки заболувања, паркинсон, продолжена механичка вентилација, хронична белодробна обструктивна болест, нарушен абдоменален метаболизам после хируршки зафати.

Контраиндикации  се следните состојби:

  • Тешки форми на контрактури
  • Тежок стадиум на остеопороза
  • Тромбоза на долни екстремитети
  • Вродени деформации на рбетот сколиози од (III IV степени)
  • Неконсолидирани фрактури
  • Остри хронични инфекции
  • Метастази
  • Когнитивни нарушувања/психијтриски нарушувања
  • Епилепсија

Функционална магнетна стимулација

Функционалната магнетна стимулација (ФМС) е неинвазивен, безболен метод кој овозможува безконтактна стимулација на површните и длабоките мускулни структури под влијанието на високо магнетно поле со јачина од 1,5 до 2T.  ФМС го збогатува арсеналот на физиотерапевтите во борбата со определни заболувања од кои страдаат пацинетите.  Оваа нова метода го користи рапидното менување на магнетнтото поле ( магнетна индукција) за да предизвика квалитетна  мускулна контракција. Предноста е во интензитетот на магнетото поле кое може да продре до 5 см во меките ткива и да предизвика контракции на длабоките мускулни структури кои најчесто не може да се достигнат со стандардната електростимулација .

Методата е безболна и  неинвазивна,  може да се спроведе без директен контакт со кожата, а третманите се  прилагодуваат  индивидуално за секој пациент врз оглед на неговата состојба. Времетраење на третманот е од 10-20 минути во серија од 10 третмани, секој втор ден.

Не се потребни посебни претходни подготовки за спроведување на терапијата, едниствено соодветно позиционирање. Со користење на апликатор за ФМС  не е потребно претходно лоцирање на моторните точки на мускулите или нервите  за да биде спроведена терапијата. Апликатори кои се користат за оваа метода се така дизајнирани за да предизвикаат  соодветна мускулна контракција. Со оваа метода можеме многу поедноставно и побрзо да постигнеме јакнење на атрофичната мускулатура, сензорен инпут, како и нервномускулна реедукација на движењата.

Индикации за третман: пореметувања на мускулоскелетниот систем; дегенеративни артритиси; ревматоидни артритиси; болки во мускулите; пореметување во `рбетот (акутни/хронични лумбалгии, ишијас, спина бифида, спондилитис);  пореметувања во нервите (периферни нервни оштетувања); мускулна релаксација; смрзнато рамо; рехабилитација на нерви и мускули по фрактури;спортски повреди;контрола на болка, мускулна атрофија, анкилози и урогенитални заболувања.

Контраиндикации: траен пејсмејкер; малигни аритмии; поставување на апликаторот преку каротиден синус; бременост; метал во третираната регија, вграден дефибрилатор, зглобни импланти, остеосинтетски материјал и сл.

Avatar

Блаже Арсов

Автор Од:  септември 6, 2018

Дипломиран Физиотерапевт
Сертифициран Кинезиотејпинг практичар CKTP
Жан Митрев Клиника
Скопје,Република Македонија
е-маил: blaze.arsov@zmc.mk
телефон:+38970257962
web.www.zmc.mk