Напредно
Пребарување

Пандемијата на коронавирус ( COVID 19 ) ни претставува предизвик за одржување на физички активен животен стил. COVID 19 се пренесува со капкова трансмисија – кивање, кашлање со што капките се разнесуваат во воздухот или на одредена површина, потоа вирусот навлегува во нов домаќин преку устата, носот или очите.

Со оглед на она што го разбираме и знаеме за преносот на вирусот, се препорачува да се избегнуваат собири и групирања на повеќе од 5 лица и да се одржи социјална оддалеченост од минимум 2 метра или повеќе. Тоа, заедно со препораките поврзани со лична хигиена ( почесто миење и дезинфицирање на рацете, не допирајќи го лицето) може да предизвика загриженост за вежбање во сали за вежбање или фитнес студиа, каде стотици луѓе циркулираат на дневна основа. Оние со најголем ризик за сериозни компликации на COVID-19 се постарите лица ( 60 години и постари ), а други со хронични заболувања или компромитирана имунолошка функција. Овие лица треба да избегнуваат вакви места со многу раздвиженост и да спроведуваат вежби и да имаат физичка активност во домашни услови.

За сите нас, млади и стари, редовната физичка активност ќе остане важна стратегија за да останеме здрави! Физичката активност со умерен интензитет е поврзана со подобра имунолошка функција. Исто така, редовната физичка активност е поврзана со пониски нивоа на анксиозност и стрес (што многумина од нас го чувствуваат во пресрет на пандемијата COVID-19).

Се препопрачуваат 150-300 минути неделно на аеробна физичка активност со умерен интензитет и 2 сесии неделно на тренинг за мускулна сила. Вежбајте кога и каде можете. Се брои секоја активна минута!

Аеробна активност

Во внатрешни услови :

·     Ставете слушалки со некоја ваша омилена музика и шетајте брзо и бурно низ дома или нагоре – надолу по скали 10-15 минути 2 до 3 пати на ден.

·     Танцувајте на вашата омилена музика.

·     Скокајте со јаже за скокање ( доколу немате проблем со вашите зглобови ).

·     Снимајте се додека вежбате.

·     Користете кардио машини или статични велосипеди за вежбање во домашни услови ( доколку имате ).

Во надворешни услови :

·     Пешачете или трчајте во вашето соседство ( избегнувајте места со многу луѓе ).

·     Бидете активни во локалниот парк. Поминатото време во природа ја подобрува функцијата на имунолошкиот систем. Обавезно мијте ги рацете откако ќе стигнете дома.

·     Возете велосипед.

·     Бидете активни во својата градина, средете го тревникот ( Пролетта е веќе тука ! ).

·     Играјте игри со вашето семејство.

Вежби за добивање на мускулна сила

·     Спуштете си апликација на вашиот смартфон со видео вежби за добивање на мускулна сила ( без никаква опрема ).

·     Вежбајте јога – вежбите за дишење и душевна исполнетост можат исто така да ја намалат анксиозноста.

·     Вежбајте едноставни вежби за добивање на мускулна сила во домашни услови како што се : Чучњеви, склекови, стомачни вежби, вежби со чекорење на рамно или качување по скали.

Не седете цел ден ! На пример :

·     Доколку гледате телевизија, станете во текот на рекламите ( или од време на време ) и направете еден круг низ домот со одење или бавно трчање. Или можете на пример да ставите малку облека во пералната, измијте ги садовите или фрлете ѓубре. Чувствувајте се продуктивни и додека одмарате !

Еве одговори на најчесто поставувани прашања околу физичката активност и вежбите за време на пандемијата со COVID – 19 :

1. Јас сум во карантин, но не  сум заразен со вирусот. Дали  треба да ја ограничам мојата  физичка активност ?

·     Нема такви препораки да во овој период се ограничи вашата физичка активност, освен ако имате одредени симптоми на вирусот. Симптомите кои заслужуваат евалуација од здравствена установа вклучуваат кашлица, покачена температура и потешкотии во дишењето.

2. Дали вежбањето ќе ми помогне  во превенцијата од вирусот ?

·     Физичката активност со умерен интензитет е поврзана со поздравиот имунолошки систем. Сепак физичката активност со висок интензитет може да ја потисне имунолошката функција, особено ако не сте навикнати на тоа. Затоа, избалансирајте ја вашата програма за вежбање.

3. Дали има мерки за претпазливост кои треба да ги преземам ?

·     Најважната стратегија за превенција од инфекција со вирусот е да се избегне контакт со други лица кои што се заразени со COVID-19.

4. Што доколку моите деца се  дома со мене ?

·     Да бидете физички активни со деца е најзабавното нешто од се ! Пронајдете вежби кои може да ги спроведувате заедно – игра со активни вежби, играње кошарка или други игри со топка во двор, или прошетка во соседството.

5. Што да направам доколку  ми се појават некои од симптомите ?

·     Треба да се следат редовно препораките од Министерството за Здравство и доколку почуствувате некој од симптомите, веднаш треба да се јавите за преглед и земање на брисеви за испитување за можна зараза со вирусот.

6. Јас сум во карантин и  сум заразен со вирусот. Дали  треба да ја ограничам мојата  физичка активност ?

·     Луѓето кои знаат дека се заразени со вирусот, но се асимптоматски, можат да продолжат со физичка активност со умерен интензитет, но треба да внимаваат на симптомите што ги имаат, тие да им бидат водич при спроведување на вежбите. Треба да внимаваат да го одржат карантинот, со цел спречување од пренесување на вирусот на други лица. Доколку добиете треска, покачена температура, кашлица или тешко дишење, треба да престанете, односно да намалите со физичка активност и да отидете на преглед, со цел превенција од влошување на моменталната состојба.

Бидете активни и во периодот на самоизолација и домашен карантин. Нема изговори за спроведување барем на минимална физичка активност, дури и во овој период на пандемија со COVID 19.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.