Напредно
Пребарување

Еден вид на лумбална болка, наречена лумбална спинална стеноза во некои случаи се третира оперативно. Но физиотерапијата може да биде исто така ефикасна и најчесто доаѓа без несакани компликации кои знаат да бидат опасни по живот во споредба со оперативниот третман, велат голем број на истражувања.

Стенозата значи стеснување. При лумбална спинална стеноза просторот во долниот дел на `рбетот се стеснува. Ова врши притисок врз `рбетниот мозок и нервите кои што се протегаат од лумбалните пршлени, петте кости помеѓу ребрениот кафез и карлицата кои што го сочинуваат долниот дел на `рбетот.

Спиналната стеноза обично резултира со дегенерација на дисковите, лигаментите или било кој од зглобовите помеѓу пршлените кои што го формираат `рбетот (наречени фасетни зглобови). Ова може да предизвика болно и потенцијално оневозможување на стеснувањето на `рбетниот канал.

Типични симптоми на спиналната стеноза се:

  • болка во препоните, задникот и горниот дел на бутовите која што не се шири надоле (што е случај при ишијас)
  • болка при стоење или одење која се смирува при седење или клекнување
  • болка која што се зголемува поптирање и станува понеинтензивна при наведнување напред.

Оперативниот третман познат како декомпресија или ламинектомија понекогаш се прави за да се олесни болката при спинална стеноза во лумбалниот дел на `рбетот. Се отстрануваат структурите кои што притискаат на нервите и придонесуваат за ослободување од симптомите. Сепак физикалната терапија исто така е значајна и може да помогне при овој вид на болки во долниот (лумбалниот) дел на `рбетот.

За споредба на овие два третмани, истражувачите регрутирале 169 мажи и питсбург-област со болки во долниот дел на грбот, лумбална ‘рбетна стеноза. Сите се согласија да направат операција, и разбраа дека половина ќе се изврши операција веднаш, додека половина првично ќе учествува во специјално дизајнирана програма за физикална терапија.

За да се направи споредба на овие два третмани (оперативен третман и третмани со физикална терапија) направени биле повеќе истражувања за да може да се увиди разликата и ефектот. Кај голем број на пациенти значително се намалила болката и се одложил оперативниот третман со соодветно спроведена физикална терапија.

 

Оперативниот третман е неизбежен во следните случаи:

  • кога мускулите околу карлицата и на нозете значително се ослабнати;
  • отежната е контролата врз сфинктерите за празнење на мочен меур и дебело црево;
  • кога болката не се смирува при интензивна медикаментозна терапија.

 

Физикалната терапија при оваа состојба опфаќа:

  • програм вежби базирани на флексија во трупот;
  • мануелна терапија на лумбален `рбет;
  • изометрички вежби и вежби за зајакнување на лумбална мускулатура;
  • вежби за зајакнување на држењето на телото;
  • вежби за зајакнување на абдоминална и грбна мускулатура за да се избегне екстензија на трупот;
  • Функционална магнетна стимулација;
  • Ерготерапија;
  • ТЕНС терапија.

Советувањето со физиотерапевт при оваа состојба е од големо значење. Соодветно објаснување на состојбата, потребата и значењето на физиотерапијата е неизбежно. Примената на вежби во домашни услови е клучен момент во комбинираниот третман.

Советувајте се со физиотерапевт, победете ја болката на безбеден начин!

 

Референци:

  1. https://www.health.harvard.edu/blog/physical-therapy-as-good-as-surgery-and-less-risky-for-one-type-of-lower-back-pain-201504097863
  2. https://www.physio-pedia.com/Lumbar_Spinal_Stenosis

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.