Напредно
Пребарување

Основната терапија во лекувањето на лимфедем и неговите компликации е компресивна терапија. Таа се изведува со различни еластични и нееластични материјали, кои поради свои особености создаваат активна или пасивна компресија кога пациентот се движи или мирува. Изборот на завојот зависи од степенот на лимфедем. Притисоците под завојот се различни и зависат од материјалот коj го користиме ,од употребената сила за компресија,од бројот на слоевите кои се користат како и од начинот на кои се изведува бандажирањето. Компресивната терапија по дефиниција е апликација на различни материјали на дел од телото со одредена сила. Притисок кој се аплицира го намалува едемот и регулира лимфниот тек.

Меѓународна класификација хроничен лимфедем:

Стадиум I – рана акумулација на течност збогатена со протеини – по елевација на екстремитет оток се намалува а зафатената регија е скоро со нормална големина и форма

Стадиум II – со елевацијата на екстремитет отокот не се намалува, станува тестаст, притисок на прст остава длабнатина а со текот на времето отокот повеќе не е тестест туку станува цврст поради фиброза (притисок со прст не остава длабнатина)

Стадиум III – отокот е сунѓераст со видливи трофички промени на кожата (пр. депозити на масти, брадавичасти кондиломи, губиток на функција на екстремитет и на крај се јавува елефантијаза .

Материјали за компресија

За спроведување на компресивна терапија се користат различни материјали со различни спецификации како на пример  еластични или нееластични завои преку кои се постигнунва потребната компресија за да се спроведе терапијата .

Долгоеластични завои, кои се растегнуваат за повеќе од  100% даваат активна компресија и кај движење и кај мирување. На истиот начин делуваат и кружно ткаените компресивни чорапи.

Краткоеластичните завои се со слична функција како и долго еластичните но се истегнуваат нешто помалку од 100%.

Нееластични материјали во мирување, кога пациенти не се движат, даваат многу ниска или никаква компресија. Кога пациентот се движи, при контракциите на мускулите, завоите се ефикасни. Нееластични материјали се крути.

Компресивни завои

 

Притисоците под  завојот се притисоци во мирување и тие создаваат пасивна компресија. Притисоците под завојот, кога пациентот се движи,ги нарекуваме работни притисоци т.е активна компресија. Тие притисоци се различни кај еластичните и нееластичните материјали. Кај долгоеластичните завои притисоците/компресијата под завојот се некаде около 40 mmHg, а во мирување 30 mm Hg. Поради високите притисоци под завојот или чорапите во мирување, треба да се отстранат кога пациентот не се движи.

Кај краткоеластичните завои притисоци во мирување се некаде до 15 mm/Hg веднаш по поставувањето, и потоа,поради растегнувањето на завојот , уште се намалува. Меѓутоа,кога пациентот се движи, активната компресија, поради истегнувањето на завојот се многу високи, и достигнуваат и до 50 – 75 mm/Hg.

Разликите помеѓу долгоеластичниот и краткоеластичниот завој:

Особини Долгоеластични завои Краткоеластични завои
растегливост Повеќе од 100% До 100%
Притисок под завојот во мирување Голем Мал
Притисок под завојот при движење Голем Многу голем
крутост <10 >10
Времетраење на компресија континуирана Интермитентна, само при движење

 

Притисок под завојот зависи не само од материјалот туку и од бројот на слоевите, од силата која е користена при бандажирањето, од начинот на бандажирањето (осумка или циркуларно), и од меѓусебно препокривање на завојот.

Главните особини на завојот (акроним од англискиот PLACE):

  • P: Pressure – притисоци под завојот
  • LA: Layers – еден или повеќе слоеви
  • C: Components – еден завој или систем
  • E : Elastic proporties – еластичните својства на завојот

За бандажирање при лимфедем се користат повеќеслојни системи од различни материјали со различен еластицитет. На тој начин влијаеме на притисокот под завојот. За систем на компресија зборуваме кога употребуваме барем два различна завоја, кои се поставуваат еден над друг низ цела должина на бандажирањето. Системот е составен од компресивните завои и различни материјали кои се поставуваат под завојот. Едни имаат за функција да ја заштитат кожата, додека со другите можеме на различните делови на екстремитети да зголемиме или намалиме притисок (ексцентрична и концентрична компресија).

Една од битните особини на системите е индекс на крутост (stiffness Index), кој се дефинира како зголемување на притисокот под завојот на сантиметар кои пак настанува поради зголемување на обем на екстремитет. До зголемување на обем доаѓа кога се придвижуваме од легната позиција во стоечка положба. Обем на потколениците се менува и кога од седечка позиција ги движиме стопала горе – доле. Статичкиот индекс на крутост SSI  е разлика помеѓу тие два притисока. Кога се зголемува притисокот за повеќе од 10 mm/Hg помеѓу лежечка/стоечка позиција, тогаш е SSI висок. Тоа се случува кај користење на нееластични материјали, а кај еластичните разликата е  во притисоците под 10 mm/Hg и имаат низок SSI.

Кај лимфедем во стадиум I може да се користат и долгоеластични и краткоеластични завои, а кај стадиумот II и  III само краткоеластични завои.

Компресивната терапија со краткоеластични завои е основна терапија кај лимфедем и едем од друга етиологија. Истата се користи за компресија во фаза на деконгестија со цел намалување на едем. Таа се изведува со долгоеластични или краткоеластични завои, во зависност  од стадиумот на лимфедем.Во втора фаза – за одржување на едем – за компресија можат да се користат нелепливи краткоеластични завои или медицински компресивни ногавици.

 

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.