Физиотерапија во предпротетичка фаза при надколена ампутација

2751886-169-col_2752698_16_9_teaser_onecolumn

Физиотерапијата со своите алатки  во периодот на предпротетичка фаза има за цел да ја одржи функциoналноста на зглобовите , нивниот обем на движење , да ги  зајакне мускулите на засегнатиот екстремитет но и на останатите екстремитети.

На пациентите во овој стресен период од нивниот живот треба да им се помогне брзо да ги совладаат препреките кои ги оневозможуваат да ги извршуваат своите секојдневни активности.

Доколку станува збор за планирана ампутација ,се препорачува да се напрви предоперативна физиотераептска подготовка , во која пациентот ќе биде информиран за текот на постоперативната рехабилитација и едуциран за справување со првите мобилизациски постапки.

Фокусот на рехабилитацијата во постоперативниот период е кон справувањето со болката, зараснување на раната и кон зајакнување на мускулите на здравите екстремитети со цел да се овозможи рана мобилизација на пациентот . Успехот на рехабилитација е во подготовката на индивидуален план за нега и физиотерапија и во мултидисциплинарниот пристап во третманот на пациентот во Жан Митрев Клиника .

Секојдневно се евалуира состојбата на пациентот и врз моменталната состојба и потребите се спрoведува дневниот третман.

Планот на рехабилитација  содржи  вежби  за долни екстремитети , седење , трансфер од кревет на стол и обратно, вежби за јакнење на горните екстремитети , вежби за рамнотежа и координација.  Освен овој тип на вежби се спроведуваат и изометрички т.е статички вежби со или без отпор , вежби за истегнување и бандажирање неколку пати на ден  . Бандажирањето или компресивната терапија се применува со цел да се намали отокот , да се тонизира мускулот, за да се обликува чкунката  за идното лежиште т.е подготовка на чкунката за протезата. Бандажирањето се повторува два до три пати во текот на денот и  се изведува со еластичен завој или со компресивна навлака . Времетраењето и почетокот на бандажирањето го одредува хирургот кој ја извел ампутацијата , но најчесто таа почнува вториот или третиот ден после операцијата  кога ќе се намали болката.

Пешачењето може да биде стресно на почетокот, но заедно со  физиотерапевтот  пациентот може брзо да ги совлада техниките на самостојно вертикализирање и користење на ортопедски помагала .

Во предпротетичката фаза можат да се вклучат и други модалитети од физиотерапијата освен вежбите  за третман на атрофираната мусукулатурата . Со цел подобрување на мускулната сила физиотерапевтите можат  да употребат електростимулација или функционалнта магнетна стимулација.

Претпротетичката физиотерапија трае во периодот од зараснувањето на раната до добивањето на имедијантна протеза ,но физиотерапијата продолжува и во следната фаза каде што следува процесот на едукација за користење на протезата.

Блаже Арсов

Дипл.Физиотерапевт

Сертифициран кинезиотејпинг практичар (CKTI)

Тел. 070/257962  02/3091484

Е-маил: fizio@zmc.mk

Жан Митрев Клиника

Скопје Македонија

Avatar

Блаже Арсов

Автор Од:  септември 6, 2018

Дипломиран Физиотерапевт
Сертифициран Кинезиотејпинг практичар CKTP
Жан Митрев Клиника
Скопје,Република Македонија
е-маил: blaze.arsov@zmc.mk
телефон:+38970257962
web.www.zmc.mk