Спазам / грч на долните екстремитети

physiotherapy-1160x360px

Спазам  или грч на долните екстремитети е ненадејна присилна контракција на мускулите,  која е придружена со болка. Грчевите во нозете доаѓаат одненадеж и поради тоа се карактеризираат како „нагли“. Болката може да биде многу интензивна и непријатна, а најчесто се јавува во пределот на стапалото и листовите на нозете во тек на мирување најчесто во сон .Во суштина грчот  е безопасен и престанува по неколку минути и тоа најчесто е предизвикано од јонска нерамнотежа или преоптоварување на мускулите. Генерално, доколку грчевите во нозете се јавуваат ретко на пример, еднаш во месецот или поретко, после напорно пешачење од повеќе километри или после некои поинтензивни спортски активности, долго стоење на ладно и слично оваа појава не претставува причина за грижа.

Но доколку бројот на грчеви е поголем и нивната појава е почеста и долготрајна тоа би требало да биде аларм за да се посети лекар , кој со помош на различни диагностички алатки ќе може да ја утврди причината за нивното настанување .

Постојат и други причини за појава на  спазмите  и некои од нив може да се предизвикани од нарушена  здравствени состојба . Како на пример :

  • стеснување на крвните садови и лоша циркулација,(васкуларни заболувања)
  • дисбаланс на електролити,
  • недостиг од магнезиум и калиум,
  • системски болести како што се мултиплекс склероза,
  • заболувања на штитната жлезда и бубрезите,
  • оштетување на нервите,
  • долго стоење,
  • дехидрација,
  • хипергликемија
  • бременост,
  • пушењето цигари (ги оштетува крвните садови)
  • како и некои лекови.

 

Во некои случаи можеме и сами себе да си помогнеме со истегнување на мускулот и негова масажа. Помагаат и топли купки и топли облоги, како и суплементи од магнезиум и калиум, во случај причинителот на болката и грчењето да е нивен недостиг. Дефицитот на калиум во организмот може да настане и поради употреба на некои лекови за исфрлање течности, па добро е за тоа да се посоветувате со лекар. Во случај грчевите во нозете да не се симптом од некоја болест, нивната појава може да се спречи со секојдневно земање  доволно течности, консумирање намирници  богати со калиум (банана, компир, грав, сладок компир, јогурт, цвекло), умерено, не претерано вежбање два до три пати неделно, користење собен велосипед и секојдневни прошетки. Луѓе кои на работа стојат по повеќе часа (фризери, сообраќајни полицајци, продавачи, здравствени работници), треба да користат компресивни чорапи со превентивна компресија со што ќе го избегнат отекувањето на нозете ,да носат ортопедски обувки и почесто да ги одмораат нозете во подигната положба.

Најдобро е во случај на појава на ваков тип на мускулни спазми да се консултирате со физиотерапевт кој со индивидуален пристап ќе подготви план за терапија со соодветен мануелен третман  на засегнатите мускули , електростимулативни техники ( ТЕНС, ФМС ), кинезиотејпинг  и вежби за истегнување на мускулите.

Avatar

Блаже Арсов

Автор Од:  септември 6, 2018

Дипломиран Физиотерапевт
Сертифициран Кинезиотејпинг практичар CKTP
Жан Митрев Клиника
Скопје,Република Македонија
е-маил: blaze.arsov@zmc.mk
телефон:+38970257962
web.www.zmc.mk