РЕХАБИЛИТАЦИЈА ВО ПСИХИЈАТРИЈА – ДЕНИС АРСОВСКИ

download

Рехабилитацијата во психијатријата претставува тежок и сложен процес кој се состои од оспособување на лицата со психички хендикеп да се доведат до состојба на психичко здравје, односно до состојба која пациентите биле пред настанувањето на симптомите на болестите.

Психијатриската рехабилитација се состои од две стратегиски интервенции. Првата стратегија е индивидуално ориентирана, а нејзината цел е развивање на индивидуални вештини во интеракција со стресната околина. Другата стратегија е еколошка, насочена кон развивање на методи според околината која има за цел редукција на потенцијалните стресори. Поголемиот дел од психијатриските пациенти бараат комбинација од овие две стратегии. Почетната точка на адекватното развирање на рехабилитацијата е во тоа што рехабилитацијата се однесува на лицето во контекст со неговата специфична околина. Психијатриската рехабилитација редовно се спроведува во однос на реалните животни ситуации. Поради тоа, во рехабилитацијата мора да се земаат во обизр животните околности во кои болниот живее, односно ситуациите со кои најверојатно болниот ќе се сретне во својот секојдневен живот.

На сите лица кои имаат психички пречки им е потребна рехабилитација. Целта на психијатриската рехабилитација е индивидуална асистенција во развивањето на емоционалните, социјалните и интелектуалните вештини кај поединци кои се потребни за живот, за учење и работа во заедницата, со што помалку професионални интервенции од страна на терапевтот. Краткорочните цели на рехабилитацијата се индивидуални – лични, а се однесуваат на опоравување и зајакнување на болното лице. Долгорочните цели ги подразбираме како подобрување на квалитетот на животот на болниот, колку подолга ремисија на болеста, односно превенција на релапсите, така и воспоставување на функционирањето во секојдневието, какво било пред настанувањето на болеста.

Рехабилитацијата на психијатриските болни може да се спроведува на различни начини. Формирано е мислењето во јавноста дека рехабилитацијата се однесува исклучливо на земањето на лекови (органотерапија). Помалку познато е дека рехабилитацијата опстојува и низ други постапки кои се долготрајни и сложени (психотерапија и социотерапија). Психијатриската рехабилитација не може да биде наметната на болниот. Напротив, таа се грижи за правата на поединците како респектирани и рамноправни партнери во лекувањето, го прифаќа лицето кое е мотивирано за рехабилитација, притоа земајќи ги во обзир сите аспекти на третманот и рехабилитациониот процес. Успешната рехабилитација на психијатрискиот болен пред сè бара соработка со болното лице, но еднакво е важна и спремноста на неговата околина активно да соработува во лекувањето на болниот. Примарно ова се однесува на неговото семејство, а пошироко на неговата работна средина и на друштвената заедница општо.

Земајќи ги во обзир претходно наведените цели на рехабилитацијата, јасно е дека во рехабилитацијата на психијатрискиот болен соработуваат различен тим од стручњаци. Тие секогаш се исклучливо од медицинската струка. Психијатар, медицинска сестра (техничар), психолог, дефектолог, социјален работник и работниот терапевт ја сочинуваат широката палета на профили кои соработуваат во рехабилитацијата на психијатриските болни.

Успехот од рехабилитацијата е индивидуален, зависи од поединецот и од видот на болеста или пореметувањето од кое лицето боледува. Од тежината на болеста зависат и тераписките цели, како и успехот од самата рехабилитација. Во некои случаи со помош на рехабилитацијата може да се постигне потполно излекување на симптомите на болеста. Тука станува збор за разни акутни психијатриски состојби кои најчесто се од реактивен карактер. Со овие случаи најчесто се сретнуваме, а настануваат како последица на стрес во секојдневниот живот. Хроничните душевни болести кои оставаат трајни последици на пациентите, целта на рехабилитацијата е насочена кон излекување на душевните болести. Рехабилитацијата можеме да ја оцениме како успешна кога во процесот на лекувањето ќе успееме да ја вклучеме и околината во која живее болниот.

За подобрување на квалитетот на животот се препорачува психосоцијална интервенција со семејството и со психички заболеното лице, на пример, фамилијарно решавање на проблемите, редовно земање на психотропни лекови, кризни интервенции во смисла на соочување со кризата, вежбање на социјалните вештини и когнитивнo – бихејвиорални стратегии. Во семејството, рехабилитацијата ќе биде насочена кон подобрувањето на односите со семејството, прифаќањето од страна на семејството и разбирањето на болниот и неговата болест со цел создавање или зајакнување на поддршка од страна на семејството. Истражување за влијанието на опоравувањето од психичките болести го спровел Corrigan и неговите соработници во 2005 година. Резултатите од ова истражување покажале дека најважниот фактор кој влијае врз брзината на опоравувањето е поддршката од пријателите, познаниците и лицата од околината.

Работата е клучна компонента за сите осмислени методи на интегрирање во заедницата, а некои психијатри мислат дека тоа е и најважната компонента. Работата без сомневање подобрува и придонесува за квалитет на животот кај психичките болни. На работното место многу е важно прифаќањето и дискретното поттикнување на работните обврски и секојдневните работни задачи. Работното функционирање е средниот елемент на психијатриската рехабилитација. Работата не само што ја зголемува активноста и социјалните контакти, туку и поттикнува напредок на планот за самодоверба и влијае врз квалитетот на животот. Работата и вработувањето се еден чекор напред кон независност и друштвена интеграција.

 

 

 

Групата како тераписки медиум

Човекот е социјално суштество кое потекнува од разни групи. Во групата ги остварува своите животни потреби, во групата живее и работи. Модерниот стил на животот и нашето секојдневие кое е обележано со брзо темпо неминовно води кон пораст на стресните доживувања кои можат да предизвикат психичка декомензација. Изолацијата на човекот е се почеста и во пораст, па многу често во нашата околина слушаме од луѓето ‘’Да отидам некаде кадешто нема никој, никого да не видам ни слушнам, да одам во шума или пуст остров..’’. Социјалните врски кои ги создаваме се повеќе се неверодостојни и површни, па со тоа и врските во групата се повеќе лабилни.

Поради сето ова горенаведено, во состојбите на психички потешкотии, во кризите предизвикани од јак или долготраен стрес, при невротски или психотични пореметувања природно е да размислиме за терапевтските можности за побрзо враќање на поединците во заедницата. Секој човек живее и престојува во разни групи (во семејството, на работно место, со пријателите), па поради тоа и рехабилитацијата мора да биде брза и делотворна со активно делување на групите во тераписка смисла и зависи од можностите за поединецот да се лекува во групата.

Индикациите за групната терапија се различни и индивидуални. Мораме да напоменеме дека нема универзален образец за вклучување на болниот во групата бидејќи групната работа не е индицирана за секој болен подеднакво. Интензивната стимулација на поединци која може да се случи во групниот амбиент може да поттикне и предизвика неконтролирани реакции од страна на болниот. Поради тоа се смета дека болните во акутната манична епизода или изразено дисоцираните болни се контраинцидирани за да се вклучат во групна терапија од било кој облик.

Кај болните со психотични пореметувања групната работа се спроведува во хомогени групи. Хомогените групи кои се состојат од членови со шизофренија клинички се поуспешни за разлика од хетерогените групи. Болните имаат заеднички тераписки цели, па можат да се користат специфични техники кои одговараат според нивните заеднички потреби. Во болничкото опкружување воочена е поголема делотворност на групите низ долготраен групен третман. Групите кои биле ориентирани на интеракција (анг. Interaction-oriented) се покажале како ефикасни во однос на оние групи кои биле ориентирани само кон увид на болниот (анг. Insight-oriented). Во спектарот на психотичните пореметувања групната терапија е индицирана кај болните кои боледуваат од шизофренија и слични психотични пореметувања, како и кај биполарните пореметувања во стабилната фаза на болеста.

Со преглед на 43 клинички студии спроведени во контролирани услови, групната терапија на болните кои биле со амбулантен третман се покажале ефикасни дури кај 80% од студиите, додека 67% од студиите потврдиле ефикасност на групната терапија кај хоспитализираните пациенти. Од наведеното истражување видлива е успешност на групната терапија и во амбулантскиот и во болничкиот третман. Маничните болни се многу тешки за водење во група, а депресивните болни можат понекогаш да бидат суицидални, што претставува проблем како за болниот, така и за другите членови во групата. Многу автори известуваат за успех во амбулантскиот (вонболнички) третман кај заболените со биполарно пореметување, користејќи хомогена групна терапија како дополнителна терапија освен психотропните лекови која може да помогне на планот за психосоцијално функционирање. За депресивните болни со психотични симптоми потребно е да се направи индивидуална проценка и да се одреди индикација, како и одбирање на група (хетерогена или хомогена група). Хомогените групи се состојат од болни со иста или многу слична дијагноза, тоа не е случај кај хетерогените групи.

Работата во група со болни им пружа можност да научат и да го препознаат начинот на кој тие функционираат во секојдневието, какви се нивните улоги во некои групи, кои се нивните очекувања или несвесните фантазии кои ги имаат некои групи, односно потешкотиите на кои наидуваат во обид да функционираат како и другите во различните групи на својот живот и работа (семејство, училиште, работно место, клубови…).

Avatar

denis.arsovski

Автор Од:  март 7, 2019

Специјалист рехабилитатор.
1. Сертификат за новини во ФТ и рехабилитација
2. Акредитирана диплома за Таи масажа.
3. Акредитирана диплома за Ломи ломи масажа.
Обавена пракса во тек од 11 години на:
1. Бања Кежовица
2. Ортопедија со трауматологија - Штип
3. РЕ Неврологија - Штип
4. КАРИЛ - Битола
5. РЕ Ортопедија со трауматологија- Битола
6. РЕ Педијатрија - Битола
7. РЕ Неонатологија - Битола
8. РЕ Интерно одделение - Битола
9. РЕ Дерматовенерологија - Битола

Објавено и напишано:
1. Ортопедија со трауматологија, ВМШБ Битола
2. Практикум по спортска медицина, ВМШБ Битола
3. Рехабилитација во психијатрија и ментална хигиена, ВМШБ Битола
4. Геријатрија со нега, ВМШБ Битола
5. Авторизирани предавања по физиотерапија во лепроза
6. Авторизирани предавања по рехабилитација по пластична и реконструктивна хирургија
7. Авторизирани предавања по фрактурологија
8. Авторизирани предавања по кинезитерапија по мастектомија