Работна терапија кај лица со пореметување на волјата

1_TiID0aSw2Ij3WTtI8vaTtQ

Волјата претставува процес предизвикан од свесна или подсветна мотивација, промислување, донесување на одлуки и исполнување на поставените цели или пак кочење, одолговлекување или отфрлање на целите. (Kozaric Kovacic, 2005).

Мотивацијата е сето она што нас одвнатре не поттикнува на некоја активност, односно на постигнување на некоја цел, и она што ја одржува таа активност.

Волјата овозможува на човекот да донесува одлуки за тоа што ќе направи или од што ќе се откаже, односно овозможува избор помеѓу повеќе цели. Волниот процес е индивидуално обоен. Некои луѓе полесно, некои луѓе потешко донесуваат одлуки. На брзите одлучувања може да влијаат и актуелните случки или состојби: замор, исцрпеност, непредвидливи промени на надворешните околности и слично.

Постои одреден број на пореметувања кои не се пореметувања на волјата во најтесна смисла, туку се истодобно пореметувања на психомоториката.

Хипобулија

Хипобулија значи намалување на волјата и волните имплуси. Пратена е и со други псхички пореметувња, редукција на психомоториката, намалување на расположението. Намалувањето на волјата се појавува како знак на некое пореметување на личноста, потоа кај депресијата, шизофренијата и сл.

Хипербулија

Ова е состојба на зголемена волја, што во одредени околности може да прави проблем на лицето или на нејзината околина. Се појавува кај хипоманичните и маничните состојби.

Амбитенденција

Оваа појава означува поделба на волевата насоченост, односно исто е изразено и спротивното насочување на волните имплуси спрема истиот предмет. Се очитува на различни начини, како на пример: тешкотии при донесување на одлуги, несигурност и сл. Најчесто се сретнува кај шизофрените болни.

Автоматизам

Автоматската работа се извршува автоматски, без волевата контрола на лицето. Болниот не ја доживува како своја, туку како некоја страна активност. Се појавува во оквирот на психотичниот процес, но и како знак на некои органски пореметувња (хипогликемија, епилептичен напад).

Имплусивни движења

Имплусивните движења се нагонски. Кај нив нагонскиот поттик преминува во работа. На нив им претходи некое силно чувство на внатрешна напетост и внатрешен немир. Се изведува нагло пропратено со жештини и брзина. Најчесто се појавува кај шизофренијата. Во оквирот на ова, може да се јават и имплусивни склоности. Најчесто се среќаваат дипсоманија – привремено, прекумерно конзумирање на алкохолни пијалоци, клептоманија – кражба без мотив и реални потреби за украденото, пироманија – предизвикување на пожар, пориоманија – безцелни лутања.

Современиот начин на живот не ја загрозува само околината туку и човековата психа. За планирање на рехабилитационата цел за лицата од психични болести не е доволно само утврдување на медицинската дијагноза туку поблиско дефинирање и одговарање на прашањата како болеста влијае на животот и секојдневните активности. Целта на работната терапија е да ја зголеми самостојноста на лицето во секојдневните активности, да ја реинтегрира во семејството и друштвото, да ја поврати и понатаму улогата на пациентот, дали било тоа мајка, баба, дедо, новинар или некоја друга улога, се со цел лицето да се чувствува корисно, потребно, продуктивно и задоволно.

Во рехабилитацијата на волевите функции се користат два пристапи:

  1. Социјален пристап. Се базира на теории на групи, заедници и култури. Смета дека социјалниот предизвикувач претставува многу важен доказ за менталното заболување, далеку поважен од другите причинители. Со други зборови, факторите на околината и физичките и друштвените придонеси за патење, стрес и болест и др.
  2. Психотераписки пристап.

Интервенциите од подрачјето на работната терапија се примена на специфични активности кои се насочени на решавање или ублажување на проблемите на пациентот во областа на самогрижата, продуктивноста и слободното време. Интервенцијата е индивидуално прилагодена, односно во склад со проблемите на клиентот. При избирање на најсоодветната интервенција работниот терапевт зема податоци добиени со проценката, се советува со семејството и сл. Работнотераписката интервенција кај абуличните болни е насочена кон активностите за самогрижа. Тешко стануваат од кревет и потешко извршуваат лична хигиена. Кај хипобулијата во разговорот со клиентот потребно е да се одбере една активност. Земајќи во обзир дека хипобулијата е пратена и со други психички пречки, намалено расположение и рецукција на психомоториката, потребно е да се одбере активности како спорт или слушање на омилена музика. Во работата со хипербуличните пациенти потребно е посебно да се разгледат приоритетите. Хиперархиски, по важност потребно е да се дадат активности кои ја продолжуваат концентрацијата и го одржуваат вниманието на една работа. Од околината потребно е да се отстранат предметите кои можат да претставуваат пречка во концентрацијата на пациентот. На клиентот потребно е да му се даде доволно време за да се концентрира и да го посвети своето внимание на целната активност.

Кај абуличните и хипобуличните пациенти може да дојде до занемарување на личната хигиена, запуштеност и намалена грижа за сопствениот изглед. Чести се промените во апетитот. Типично апетитот е ослабен, па болниот слабее. Хипобуличните болни имаат хронична исцрпеност, пад на енергијата и брз замор. Многу болни имаат потешкотии со концентрацијата или намалена способност за мислење. Можат да чувствуваат како повеќе не учат ефикасно или закаснуваат на работа. Некои од нив неможат ни да се сетат ни на највообичаените секојдневни активности кои ги извршуваат.

Зголемената волја или хипербулија може да оди од безгрижна веселба со неконтролирано возбудување и активности. Одушевеноста на болниот е поврзано со зголемената енергија што резултира со хиперактивност, зголемено говорење и намалена потреба за спиење. Нема нормални социјални инхибиции, вниманието неможе да се одржи, а многу често се согледува растресеност. Самодовербата е на високо ниво, а идеите на пациентот многу често се грандиозни и претерано оптимистички. Лицето може да инсистира на екстравагантни или непрактични облици на однесување, неконролирано да троши пари, да покажува неограничена потреба да купувње. Состојбата е доволно тешка за да смета на вообичаената работа и социјалните активности на болниот во однос со неговото функционирање во нормална состојба.

Улогата на физиотерапевтот кај лицата со пореметување на волјата во искористувањето на слободното време е да проба лицето да го насочи да го искористи своето слободно време или да го организира доколку го нема. Низ креативни работилници работниот терапевт може да влијае на подобрување на квалитетот на животот. Медиумите кои терапевтите ги користат во креативната терапија кај лицата со пореметување на волјата се следните:

  • Арт терапија. Низ арт терапијата се намалува пасивноста и повлекувањето, се зголемува самодовербата, јака идентификација, се поттикува иницијатива со соработка во активностите на секојднвениот живот, односно клиентите градат контакт со други лица.
  • Терапија со играње. Играњето може да биде јак тераписки перформанс, може да ги возбуди или поттикне емоциите, но исто така може и да ги смири, во зависност од тоа каква музика се слуша.
Avatar

denis.arsovski

Автор Од:  март 7, 2019

Специјалист рехабилитатор.
1. Сертификат за новини во ФТ и рехабилитација
2. Акредитирана диплома за Таи масажа.
3. Акредитирана диплома за Ломи ломи масажа.
Обавена пракса во тек од 11 години на:
1. Бања Кежовица
2. Ортопедија со трауматологија - Штип
3. РЕ Неврологија - Штип
4. КАРИЛ - Битола
5. РЕ Ортопедија со трауматологија- Битола
6. РЕ Педијатрија - Битола
7. РЕ Неонатологија - Битола
8. РЕ Интерно одделение - Битола
9. РЕ Дерматовенерологија - Битола

Објавено и напишано:
1. Ортопедија со трауматологија, ВМШБ Битола
2. Практикум по спортска медицина, ВМШБ Битола
3. Рехабилитација во психијатрија и ментална хигиена, ВМШБ Битола
4. Геријатрија со нега, ВМШБ Битола
5. Авторизирани предавања по физиотерапија во лепроза
6. Авторизирани предавања по рехабилитација по пластична и реконструктивна хирургија
7. Авторизирани предавања по фрактурологија
8. Авторизирани предавања по кинезитерапија по мастектомија