Причини за болка во коленото

B88295003Z.1_20180802105214_000_GFS99S6E.3-0_Super_Portrait

Дали болката во коленото често Ве спречува да трчате? Дали болката во едното или двете колена некогаш Ве натерале да ја скратите патеката на трчање? Болката во коленото е многу честа поплака кај тркачите. Додека болката во коленото најчесто се префрла како ‘’тркачко колено’’, овој вид на болка може да има и друга причина за настанување.

Вашето колено е составено од повеќе зглобови. Тибиофеморалниот зглоб ја поврзува бутната коска со тибијата, или голеницата. Пателата (над коленото), е заштитна структура што се поврзува со бутната коска и го формира пателофеморалниот зглоб.

Овие зглобови се поддржани од мрежа на мускули, тетиви и лигаменти кои му помагаат на коленото за се свиткува (флексија), да се протега (екстензија) и да ротира (минимално) преку важни движења како што се одење, трчање, клекнување и при кревање на предмети.

Кога ќе почнете да чувствувате болка во коленото, можете да превземете неколку чекори за дијагностицирање и лекување на состојбта. Многу пати, постојат мускулни неурамнотежувања што можат да се подобрат со кинезитерапија (вежби). Како и да е, важно е да се има во предвид дека ако болката опстојува после само една недела, во меѓувреме правејќи ги вежбите за колено, треба да се закаже состанок кај физиотерапевт или лекар за проценка и третман.

 

Локација: Странично од коленото

Можна повреда: илиотибиален ‘’band’’ синдром

Доколку почувствувате остра, прободна болка од надворешната страна на коленото, може да се посомневате на овој синдром, кој е многу честа појава кај тркачите. Илиотибиалниот опсег е ткиво што движи на надворешната страна на бутот – од горниот дел на колкот до надворешната страна на коленото. Истиот помага при стабилизирање на коленото и колкот при трчање. Кога оваа врска станува затегната, таа се скратува и опсегот се фаќа за коската. Надворешната област на коленото може лесно да стане воспалителна и самата тетива може да се иритира, предизвикувајќи болка.

Преоптеретувањето е најчеста причина за овој синдром, но трчањето по нерамна површина, несоодветното загревање или некои физички абнормалности лесно може да го предизвикаат овој синдром.

Многу студии покажуваат дека самолекувањето при овој синдром може да биде доста ефикасно. Опциите за самолекување вклучуваат редуцирање на километража при трчање, редовна апликација на лед на коленото со цел намалување на воспалението. Користењето на антиинфламаторни лекови (како на пример, ибупрофен) исто така може многу да помогне. Некои студии откриле дека носењето на помеки чевли за трчање може да помогне во ублажувањето на состојбата, исто така и коритењето на суплементи во исхраната на природна база со цел зајакнување на сите структури на зглобовите. Ваков пример на додаток во исхраната е FLEXOFYTOL.

Можете да продолжете да трчате, но скратете го времето на трчање доколку почнете да чувствувате болка. Потребно е да се земе во обзир и површината на која трчате, препорачана е рамна површина за трчање.

Доколку почнете да забележувате знаци на Илиотибијален синдром (затегнатост или терет од надворешната страна на коленото) спречете го влошувањето со вежби и додатоци во исхраната.

За некои луѓе, подобрите чевли за трчање помагаат да се спречи повторувањето на овој вид на болка. Посетете специфична продавница за спортска облека за да ги анализирате нозете и одењето. Исто така, препорачливо е физиотерапевт да направи проценка за да утврди било какви слаби области што можат да бидат причина за овој синдром. Оние што имаат Илиотибијален синдром многу често имаат слабост во колковите.

Вклучете редовна обука за сила при тренинзите. Вежби, како на пример скокови со една нога и вежби за рамнотежа се многу корисни за оние лица кои се склони на Илиотибијален синдром.

 

Локација: Капата на коленото

Можна повреда: Тркачко колено

Доколку имате болка во предниот дел на коленото или евентуално зад коленото, може да се посомневате на тркачко колено, познато и како синдром на болка во бедрената коска или синдром на предно колено. Трчањето надолу, клекнувањето, одењето нагоре или надолу по скали или седење подолги периоди може да ја влоши состојбата. Состојбата може да биде предизвкана од структурен проблем во колениот зглоб. Исто така, може да биде предизвикано и од слабост на околните мускули, тесна Ахилова тетива и сл.

Една од најчестите причини е слабоста на надколениот мускул или квадрицепс. Овој мускул ја држи пателата на место кадешто ја движи нежно нагоре и надолу при одење. Но, доколку има слабост кај овој мускул, пателата (капата на коленото) се движи лесно лево и десно. Ова движење предизвикува болно триење и иритација на околното ткиво.

За лекување на тркачкото колено, пробајте да аплицирате лед на коленото по трчањето. Ова помага многу при намалување на болката и воспалението. Експертите исто така советуваат и елевација (поткренување) на ногата, компресија на коленото или ибупрофен. Вежбите за истегнување и зајакнување на мускулите се многу важни. При вежбањето, фокусирајте се на квадрицепс, едноставното истегнување на коленото многу може да го зајакне мускулот. Користењето на додатоци во исхраната може многу да помогне при зацврстување на сите структури на коленото. FLEXOFYTOL најмногу е погоден за спортисти поради природните елементи кои ги содржи од куркумата. Високо препорачан од страна на многу физиотерапевти.

 

Локација: Задна страна на коленото

Можна повреда: Бекерова циста

Бекеровата циста, позната и како поплитеална синовијална циста, претставува оток што се јавува на задниот дел на коленото. Можна  е појава на болка, но поверојатно е дека ќе почувствувате затегнатост или вкочанетост во пределот на задколеницата. Исто така, можно е да се палпира оток. Овие цисти може да се појават како резултат на остеоартритис или расцеп на менискус.

Бекеровата циста не е конкретно поврзана со трчањето и тркачите не се со зголемена предиспозиција за настанување на цистата. Доколку се сомневате на Бекерова циста, најдобро е да посетите лекар по општа медицина за да добиете соодветна дијагноза и да ја утврдите основната причина за настанување на цистата.

Во ретки случаи, цистата може да пукне. Тогаш, потребно е да се консултирате со матичен лекар доколку видете црвенило или сериозно отекување во областа.

Avatar

denis.arsovski

Автор Од:  март 7, 2019

Специјалист рехабилитатор.
1. Сертификат за новини во ФТ и рехабилитација
2. Акредитирана диплома за Таи масажа.
3. Акредитирана диплома за Ломи ломи масажа.
Обавена пракса во тек од 11 години на:
1. Бања Кежовица
2. Ортопедија со трауматологија - Штип
3. РЕ Неврологија - Штип
4. КАРИЛ - Битола
5. РЕ Ортопедија со трауматологија- Битола
6. РЕ Педијатрија - Битола
7. РЕ Неонатологија - Битола
8. РЕ Интерно одделение - Битола
9. РЕ Дерматовенерологија - Битола

Објавено и напишано:
1. Ортопедија со трауматологија, ВМШБ Битола
2. Практикум по спортска медицина, ВМШБ Битола
3. Рехабилитација во психијатрија и ментална хигиена, ВМШБ Битола
4. Геријатрија со нега, ВМШБ Битола
5. Авторизирани предавања по физиотерапија во лепроза
6. Авторизирани предавања по рехабилитација по пластична и реконструктивна хирургија
7. Авторизирани предавања по фрактурологија
8. Авторизирани предавања по кинезитерапија по мастектомија