Онлајн консултации и телемедицина

telehealth-graphic-for-blog

Во време на пандемија и енормно зголемување на бројките на заболени ширум светот со болеста Ковид-19, предизвикана од Sars-Cov2 вирусот стравот кај пациентите да го посетат својот физиотерапевт е се поголем, па така како една од најбезбедните методи за да добијат соодветни совети и консултации од стручни лица – физиотерапевти е телемедицината односно онлајн консултациите.

Телемедицината односно онлајн консултациите претставуваат испорака на здравствена услуга и информации преку електронска комуникација – користење на видео повици преку компјутер, таблет или мобилен телефон. Исто така тука може да се вклучи и телефонскиот контакт со физиотерапевтите. Во овој случај од големо значење е тоа што се тоа се случува на растојание односно пациентите услугата и советите ги добиваат од било кое место (најчесто нивниот дом), што во секој случај е безбедно за нив и не постои опасност од зараза.

Телемедицината има за цел да се надминат бариерите и да се обезбеди соодвете пристап до здравствените услуги и интервенции. Ова помага да им се олесни на пациентите, да се намали непријатноста при контакт лице в лице, а исто така да се избегнат и проблемите со закажување термини, неповолните временски услови, чекањето во гужви и слично.

Оваа метода е големо значење за оние пациенти кои поради одредени физички бариери (имобилност, состојба после фрактура, полесни форми на мозочни удари) не се во можност да го посетат физиотерапевтот па така услугата ја добиваат на безбеден начин во нивниот дом.

 

  • Бенефити од онлајн консултациите

Онлајн консултациите имаат големи бенефити за пациентот, за физиотерапевтите но и за општеството.

 

Бенефитите за пациентите вклучуваат:

  • Пристап до физиотерапевтски услуги на оддалечени и тешко достапни локации;
  • Избегнување на ситуации со долго патување, барање на паркинг простор, чекање во чекална;
  • Зголемена безбедност за потешко болните пациенти, да не мора да патуваат;
  • Локацијата и оддалеченоста на пациентите не е никаков проблем;
  • Зголемување на автономноста на пациентот да управува со своето здравје преку следење на совети;
  • Зголемена флексибилност за пациентите, имаат можност да ја закажат терапијата во било кое време од денот кое на нив им одговара;
  • Поисплатлива метода во однос на патувањето, напуштање на работното место порано или пак оставање на децата/семејството со трето лице.

 

 

Совети за пациентите кои што се одлучени да имаат онлајн консултација:

 

  • Бидете сигурни дека вашиот апарат (мобилен телефон, таблет или компјутер) има доволно батерија за да може непречено да го добиете третманот;
  • Осигурајте се дека имате добра и стабилна интернет конекција;
  • Проверете дали соодветно функционираат микрофонот, веб камерата и звучниците/слушалките;
  • Имајте облечено полесна облека (тренерки, маица, шорцеви) затоа што можеби ќе треба да испробате некои вежби за време на консултацијата;
  • Имајте претходно подготвени прашања за да бидете спремни за се што сакате да го прашате физиотерапевтот;
  • Имајте лист и пенкало, за да може да ги запишете забелешките;
  • Имајте го телефонскиот број на вашиот физиотерапевт за доколку имате проблем со интернет конекцијата да можете со телефонски повик да ја продолжите консултацијата;
  • Доколку сакате може да имате некој член од семејството до вас.

Онлајн консултациите може да бидат ефективни исто како и конвенционалните методи за подобрување на физичката состојба, намалување на болката и зголемување и подобрување на мускуло-скелетната состојба.

Не чекајте, бидете слободни во комуникацијата, закажете веднаш оналјн средба со вашиот физиотерапевт во корист на вашето здравје.

Avatar

Никодин Велјаноски

Автор Од:  ноември 26, 2018