Најчести повреди во кошарката и нивна превенција

download (1)

Кошарката може да ви даде добар тренинг без разлика дали ја правите рекреативно, играте во училишниот кошаркарски тим или сте професионален играч. Но, како и секоја активност, и при овој вид на спорт може да се случат повреди. Повредите во кошарката обично се дефинираат како кумулативни (преоптеретување) или акутни (трауматски) повреди.

Повредите настанати како резултат на преоптеретување се случуваат со текот на времето како резултат на стрес на мускулите, зглобовите и меките ткива без соодветно време за опоравување. Тие започнуваат како мала болка и може да прераснат во ослабувачка повреда доколку не се лекуваат соодветно и на време. Повредите кои спаѓаат во оваа категорија вклучуваат:

  • Тендинитис: ова е општ термин за воспаление на тетива. Преголемото оптеретување специјално е наречено тендиноза, каде што активното воспаление не е присутно, но има хронично/дегенеративни промени во тетивата. Додека, воспалението од акутната повреда се нарекува тендинитис.
  • Тендинитис на Ахиловата тетива: Ахиловата тетива го придава мускулниот дел на глуждот и е многу оптеретена во кошарката при кратки спринтови и скокање. Болката во задниот дел на глуждот веднаш над петицата е главниот симптом, најчесто изразена наутро кај хроничните случаеви.
  • Тендинитис на ротаторната манжетна на рамото (мускули одговорни за кружно движење на рамото). Овие мускули се навистина важни за стабилизирање на рамениот зглоб, контролирање на ротацијата (кружни движења), а исто така и играат важна улога при потскокнување на играчот со цел давање на кош.

Акутните или трауматските повреди се појавуваат како резултат на ненадејна сила или влијание и можат да бидат доста драматични. И покрај тоа што кошарката се претпоставува дека е неконтактивен спорт, има многу можности за судири и падови. Скоковите, кратките спринтови и пресвртите во кошарката можат да ги предизвикаат акутните повреди. Најчестите трауматски повреди во кошарката вклучуваат:

  • Повреда на преден или заден вкрстен лигамент на коленото.
  • Повреда на менискус. Менискусите на коленото можат да бидат расцепени со силна ротација (вртење) во коленото додека стапалото стои цврсто на подлогата.
  • Фрактури на прстите. Исто така, фрактурите на прстите може да се видат при паѓање на играчите или при само лош улов на баскетот.

И двата вида на повреди можат да настанат како резултат на прекумерна употреба, недостаток на соодветен одмор, недостаток на соодветно загревање на мускулите. Следните безбедносни мерки на претпазливност се препорачуваат како помош при повреди во кошарката:

  • Загревање на телото пред играта. Спортувањето и скокањето со незагреани мускули може да го зголеми ризикот за повреда;
  • Носење на потпорни кошаркарски чевли со стапала отпорни на лизгање;
  • Користење на заштитна опрема (штитници за уста, подлошки за колена и лакт и слично);
  • Користење на добра техника и играње според правилата;
  • Исчистен терен за играње;
  • Комплет за прва помош;
  • Хидрираност. Добро внесување на вода пред играњето, а потоа пиење во редовни интервали. За долги сесии, спортски пијалок може да ја надополни изгубената сол на телото;
  • Воведување на програми за обука за превенција од повреди, вклучувајќи и плиометрија, тренинг на сила и тренинг специфичен за одреден спорт.

Од страна на многу спортски физиотерапевти препорачано е спортистите да внесуваат доволно витамини пред и по тренинзите. Суплементите во исхраната можат значително да влијаат врз здравјето на мускулноскелетниот систем, редовно консумирајќи ги истите.

FLEXOFYTOL претставува додаток во исхраната на база на куркумин кој влијае врз работата на зглобовите и и дава поголема сила. Овој додаток во исхраната специјализирано е направен  токму за спортисти и нвните предвидувачки повреди, се со цел нивна санација. Често се препорачува овој препарат да се користи пред високо интезивно оптеретување на телото со цел да се зголеми отпорноста за зглобовите, мускулите и тетивите. Активните компоненти од овој препарат делуваат антиинфламаторно и придонесуваат за заштита и побрзо закрепнување на телото после спортски повреди. Може да се користи за деца над 6 години и возрасни. Дозирањето се прилагодува во зависнот од повредата и старосната група. Има голем број на задоволни спортисти професионалци и оние кои се занимаваат со спорт рекреативно кои го користеле препаратот, гледаат големи бенефити и како што изјавуваат, сакаат да го користат и понатаму затоа што нема ограничување за неговата употреба.

Avatar

denis.arsovski

Автор Од:  март 7, 2019

Специјалист рехабилитатор.
1. Сертификат за новини во ФТ и рехабилитација
2. Акредитирана диплома за Таи масажа.
3. Акредитирана диплома за Ломи ломи масажа.
Обавена пракса во тек од 11 години на:
1. Бања Кежовица
2. Ортопедија со трауматологија - Штип
3. РЕ Неврологија - Штип
4. КАРИЛ - Битола
5. РЕ Ортопедија со трауматологија- Битола
6. РЕ Педијатрија - Битола
7. РЕ Неонатологија - Битола
8. РЕ Интерно одделение - Битола
9. РЕ Дерматовенерологија - Битола

Објавено и напишано:
1. Ортопедија со трауматологија, ВМШБ Битола
2. Практикум по спортска медицина, ВМШБ Битола
3. Рехабилитација во психијатрија и ментална хигиена, ВМШБ Битола
4. Геријатрија со нега, ВМШБ Битола
5. Авторизирани предавања по физиотерапија во лепроза
6. Авторизирани предавања по рехабилитација по пластична и реконструктивна хирургија
7. Авторизирани предавања по фрактурологија
8. Авторизирани предавања по кинезитерапија по мастектомија