Електротерапија со интерферентни струи

tens_therapy_on_knee-min

Интерферентни струи

Интерферентните струи настануваат од две синусоидни изменични струи кои се преклопуваат во интензитетот, фазата и фреквенцијата. Интерференцијата доаѓа во длабочината на ткивата, а според авторот кој ги внел во пракса се нарекуваат уште и Немецови струи. Интерферентните струи спаѓаат во среднофреквентни струи кај кои влезната фреквенција изнесува околу 4000Hz.

Со оглед на фреквенцијата на синусиодните изменични струи, нивниот интензитет и фаза настанува во 3 облици на интерференција:

     Адитивна

     Одземачка суперпозиција

     Суперпозиција со поништување на интензитетот.

Интерференцијата настанува со вкрстување на две синусоидни струи под прав агол. Влезната фреквенција на едната изнесува 4000 Hz, а другата е 3900 или 4100 Hz, а од тоа настануваат интерферентни струи од 100 Hz.

Интерферентните струи се применуваат на 3 различни начини:

     Статичка интерференција – електродите за време на апликацијата не се поместуваат, дејството настанува на само едно место, помеѓу електродите;

     Мобилна или кинтетичка интерференција која има поголемо терапевтско дејство, а физиотерапевтот мануелно ја поместува електродата;

     Динамичка интерференција – постапката е по автоматизам.

Дејството на интереферентните струи одговара на дејството на дијадинамичните струи, со напомена дека интереферентните струи имаат поголемо длабинско дејство и подобра подносилвост во комбинација со вибрациската масажа. Интерферентните струи поттикнуваат создавање калус и го забрзуваат растот на коскеното ткиво.

Металните импланти не се контраиндикација за примена на интерферентни струи.

Траењето на третманот е 10 – 15 дена, освен при стимулација на калус кога трае до 4 недели. Еден третман трае од 10 – 20 минути, зависно од индикацијата.

Кога се применуваат интерферентни струи:

     При ревматски заболувања;

     Парези и парализи;

     Болести на крвните садови;

     Различни ортопедски заболувања.

 

Кога не се применуваат интерферентни струи:

     Акутни воспаленија,

     Активна туберколоза на коските, зглобовите и другите органи;

     Ракови заболувања;

     Заболувања кои предизвикуваат развој на кахексија;

     Декомпензирано срце;

     Крварење или склоност кон крварење.

Avatar

lepaphysio93

Автор Од:  март 11, 2020