Напредно
Пребарување

Светскиот ден на Физиотерапевтите #wptday се одбележува веќе 26 години од 1996 година кога Светската конфедерација на физиотерапија (WCPT) го назначи 8 септември како Светски ден на физиотерапевтите, како датум на кој  истата е основана во 1951 година. Денот е можност за физиотерапевтите од целиот свет да ја подигнат свеста за клучен придонес во професијата која ги одржува луѓето да бидат мобилни и независни. Овој ден се одбележува со единство и солидарност на глобалната физиотерапевтска заедница со цел да се признае делото што го прави секој физиотерапевт за своите пациенти.

Македонските Физиотерапевти се единствени  во светот кој освен професионалниот празник на ист ден го прославуваат и денот на независноста на Република Македонија. Но исто така се меѓу малкуте физиотерапевти во светот кои сеуште немаат право на своја сопствена реализација преку самостојна физиотерапевтска пракса .

Физиотерапевтите во Македонија  се соочуваат со ограничување во извршување на нивните професионални активности за кои се едуцирани поради законската регулатива со која не се дозволува самостојна физиотерапевтска дејност и покрај тоа што им  се овозможува да се едуцираат дури на 4 медицински факултети во Македонија. Причина за оваа состојба е немањето закон за  физиотерапевтска дејност поради што неможат да формираат сами приватни ординации за физиотерапија.

Додека пак во јавното здравство поради лошата систематизација на работните позиции “Физиотерапевт”  се вработуваат само или почесто физиотерапевтските техничари (колеги со средно образование). Со ваквиот некоординиран третман од страна на здравствените и образовни власти младите високо едуцирани   колеги се демотивираат и најчесто по завршеното образование како готов “продукт” ја напуштаат државата . Овој проблем не е нов и со овој проблем се соочуваме во последните 10 години . Решението е во дефинирање на високото образование за физиотерапевти според европските нормативи , да се донесе закон за физиотерапевтска дејност и да се формира професионална комора – комора на физиотерапевти која ќе ја регулира работата на овие професионалци . Само со примена на овие решенија ќе може да биде сигурен здравствениот систем дека на своите корисници-пациенти им нуди квалитетна и безбедна физиотерапија  како што е во земјите од европската унија.

Македонското физиотерапевтско здружение веќе пет години се труди да ја промени состојбата на физитерапевтите овозможувајки им континуирана едикација преку организација на едукативни семинари и курсеви со сертификација за примена на голем број на нови техники . Воедно МФЗ им нуди на сите физиотерапевти во Македонија без разлика дали се или не членови на здружението да се промовираат во македонската мапа на физиотерапевти на бесплатната платформа www.fizioterapevti.mk . Затоа ги покануваме сите заинтересирани колеги да ја искористат оваа можност и да започнат со сопствена промоција со цел да бидат полесно достапни за сите потенцијални пациенти .

 

Среќен професионален празник на сите физиотерапевти во Македонија !

Со почит МФЗ

Остави го твојот коментар.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.