Дали знаете што всушност работи физиотерапевтот ?
Многу луѓе сметаат дека физиотерапевтите работат само масажи или “вклучуваат” апарати за електротерапија. Често се смета дека ова е зависна професија и дека физиотерапевтите неможат да извршуваат самостојна дејност.
Физиотерапевт е здравствен работник кој работи на унапредување, развој, одржување и обнова на здравјето и квалитетот на животот кај луѓе од сите возрасти, делувајќи на нив со агенси кои што му се на располагање, за развој, стимулација и замена на ресурсите на човечкиот организам.
Тој е едуциран во областа на физичките, социјалните и медицинските науки и терапевтската примена на физикални агенси како што се : движења, термотерапија, хидротерапија, магнетотерапија, електротерапија, сонотерапија, механотерапија и други.
Физиотерапевтите се самостојна и независна професија, која практично функционира во отворени и рамноправни односи со медицински и други здравствени професии. Физиотерапевтите работат во приватни или јавни болници, центри за рехабилитација, услуги за домашна нега, клиники, училишта, спортски клубови и спортски организации.
Независно или во мултидисциплинарни тимови, физиотерапевтите го проценуваат пациентот, планираат и спроведуваат терапевтски третман и едукативна програма во соработка со пациентите и нивните семејства. Тие се вклучени во програми за скрининг и превенција, програми за здравствено образование и истражување. Тие се ангажирани како едукатори во образованието, здравствените и социјалните институции кои се грижат за спроведувањето на здравствената заштита.
Дали знаете што влегува во описот на работно место на еден дипломиран физиотерапевт ?
Ние ви напишавме листа на основни работни активности на еден физиотерапевт.
Физиотерапевтот спроведува општи терапевтски процедури и техники во сите услови во кои се индицирани некои од формите на физикална терапија, особено кинезитерапија :
· подобрување на мускулната сила;
· зголемување на обемот на движења;
· подобрување и следење на општата кондиција на телото;
· подобрување на координацијата;
· подобрување на рамнотежата во сите форми;
· стимулација, развој и усвојување на постурални модели;
· корекција на држењето на телото;
· корекција на лоши шеми, одредени активности;
· развој на нова автоматизација;
· употреба, примена, адаптација на протетски и ортотични средства;
· користење на играта во остварување на целите на кинезитерапијата;
· употреба на спортот во остварување на целите на кинезитерапијата;
· учество во обуката на пациентот и семејството;
· употреба на техники и методи за стимулирање, развивање и конституирање на функциите на локомоторниот апарат во случај на повреди на нервниот систем или во други случаи каде има потреба;
· применува релаксација;
· спроведува вежби за дишење;
· користи неврофизиолошки методи и други овластени методи и процедури за оспособување на пациентот во однос на различни состојби и оштетувања на локомоторниот систем;
· обука за користење на помагала, ортози и протези;
· користи и применува апарати за сонотерапија, термотерапија, електротерапија, електродијагностика, електростимулација, механотерапија, ласерска терапија итн.
Врши терапевтска проценка за состојбата на пациентот :
· ја проценува силата на мускулите
· го проценува обемот на движењето
· го мери обемот на екстремитетите
· ја мери должината на екстремитетите
· врши други антропометриски мерења
· го оценува држењето на телото
· оценува физичка активност од аспект на можности, издржливост, координација
· ја оценува рамнотежата во сите положби ( квалитет, реакција )
· врши проценка на состојбата и развојот на моториката на телото
· користи специјални тестови наменети за специфични патолошки состојби, групи итн.
· подготвува соодветна тераписка програма, притоа внимавајќи на контраиндикации и дозирање, во согласност со генералниот план за третман на пациентот
· врши реализација на терапевтската програма со избор на соодветна техника, процедура, го одредува редоследот на активностите во рамките на целодневната програма на пациентот
· ја контролира состојбата на пациентот во однос на својата програма ( со додавање или корекција на истата )
· врши патронажна работа
· учествува во тимот за оспособување на пациентот и за оцена на неговите физички способности
· води стручна документација за пациентот
· врши административни задачи во својот домен на работа