Напредно
Пребарување

Што е тоа Шморловa хернија ?

Шморловa хернија е всушност тип на хернија на ‘рбетниот диск, што вклучува испакнување на мекото ткиво на интервертебралниот диск во соседните пршлени.

‘Рбетниот столб, се состои од низа мали коски наречени пршлени, секоја одвоена од другата со интервертебрален диск, кој е парче влакнеста ‘рскавица што делува како амортизер. Секој диск е составен од два дела: цврст, но флексибилен надворешен фиброзен прстен и внатрешен центар сличен на гел наречен јадро пулпозус. Помеѓу интервертебралниот диск и горните и долните површини на пршлените лежат пршленските крајни плочи, кои ја одвојуваат коската од самиот диск и го спречуваат нејзиното испакнување во соседните пршлени.

Хернијација на ‘рбетниот диск се јавува како резултат на кинењето на надворешниот, фиброзен прстен на дискот кој му му дозволува на пулпозното јадро да се испакне надвор од оштетениот надворешен прстен. Кај повеќето хернијации на р’бетниот диск, хернираниот диск се лизга странично на двете страни на р’бетот, предизвикувајќи хернија на интервертебралниот диск. Меѓутоа, кај Шморловата хернија, хернираниот диск се лизга надолу или нагоре во соседните пршлени преку дефект на вертебралната крајна плоча, предизвикувајќи хернија на интравертебралниот диск.

Иако Шморловите хернии можат да се развијат каде било на р’бетниот столб, тие првенствено се појавуваат на горниот дел од лумбалниот р’бет. Херниите обично ја зафаќаат долната крајна плоча на торакалните пршлени и горниот диск на лумбалните пршлени.

Колку се чести Шморловите хернии?

Шморловите хернии се прилично чести кај општата популација, а ги погодуваат и младите и постарите поединци. Нивното клиничко значење сè уште не е јасно, но неколку студии сугерираат дека тие би можеле да бидат показател за природната дегенерација на р’бетот што се јавува со текот на времето.

Од што е предизвикан Шморловите хернии ?

Точната причина за Шморловите хернии не е целосно јасна. Сепак, се смета дека некои Шморлови хернии може да се појават кога вертикалните сили како на пример, одење, исправено стоење, слетување од скок во височина итн. се пренесуваат преку ослабениот вертебрален диск, предизвикувајќи испакнување на интервертебралниот диск. Постојат неколку фактори кои можат да придонесат за слабеење на вертебралната крајна плоча, вклучувајќи структурни нарушувања на ‘рбетот, метаболички нарушувања на коските (на пример, остеопороза), инфекции и тумори. Кај младите индивидуи, Шморловите хернии може да се појават како резултат на јувенилна кифоза (позната и како Шеуерман-ова болест), состојба во која пршлените структурно се деформираат и стануваат во облик на клин од нејасна причина.

Дополнително, дегенерацијата на интервертебралниот диск, предизвикана од напредната возраст или повторената спинална траума, исто така може да го зголеми ризикот од развој на Шморловите хернии, дури и во отсуство на ослабена вертебрална завршна плоча.

Кои се знаците и симптомите на Шморловите хернии ?

Генерално, овој тип на хернии се асимптоматски, што значи дека не се манифестираат со никакви симптоми. Всушност, повеќето поединци не се свесни дека имаат Шморловите хернии. Тие често се откриваат случајно при испитувања на слики (на пр., РТГ, КТ скен или МРИ) извршени за други медицински проблеми.

Дали Шморловите хернии се болни?

Шморловите хернии се типично безболни, но понекогаш може да доведат до болка во долниот дел на грбот поради воспаление или отекување на околната вертебрална коска. Поретко,може да се инфицираат или да предизвикаат иритација на нервите што се протегаат по ‘рбетот, што може да доведе до болка со пропагација низ ногата, вкочанетост или мускулна слабост.

Како се дијагностицира Шморлова хернија ?

Може да се детектираат со неколку техники , но магнетната резонанца (МР) често е дијагностичка алатка на избор. На МР, Шморловите хернии се појавуваат како мали, коскени дефекти на вертебралната крајна плоча исполнета со хернираниот диск. Болните Шморлови хернии може дополнително да се евалуираат со провокативна дискусграфија, дијагностичка процедура што се користи за да се утврди дали интервертебралниот диск е вистинскиот извор на болки во грбот. Повремено,може да се детектираат и на рендген на ‘рбетниот столб или преку компјутеризирана томографија (КТ).

Која е разликата помеѓу акутната и хроничната Шморлова хернија?

Поголемиот дел од детектирани вакви хернии во општата популација се хронични или долготрајни. Хроничните се обично безболни и лоцирани во инаку здрави пршлени. Од друга страна, акутните имаат ненадеен почеток и често се поврзани со неодамнешна траума или повреда. Акутните  може да се разликуваат од хроничните на МР со присуство на воспаление во околната вертебрална коска

Како се третира шморлова хернија ?

Бидејќи повеќето се безболни, третманот често не е неопходен. Болните Шморлови хернии, од друга страна, може да се третираат конзервативно со одмор во кревет, со примена на ортопедски помагала за грб и лекови за болка, како што се нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ) или ацетаминофен.

Доколку конзервативниот третман не е ефикасен, може да се изврши хируршки третман за отстранување на оштетениот диск и ублажување на болката. Еден таков третман е лумбална меѓутелесна фузија, при која оштетениот интервертебрален диск се отстранува и се заменува со коскена графт. Коскениот графт ја враќа висината помеѓу двата пршлени и делува како мост за промовирање на нивното спојување во една коска. Во некои случаи, дополнителни инструменти, како што се метални плочки и завртки, може да се користат за да се обезбеди поголема стабилност за време на фузијата на пршлените.

Кои се најважните факти што треба да се знаат за Шморловите хернии?

Тие се вообичаена хернијација на ‘рбетниот диск во која мекото ткиво на интервертебралниот диск се испакнува во соседните пршлени преку дефект на крајната плоча. Најчесто се гледаат во горниот дел на лумбалниот ‘рбет и често се откриваат случајно . Во повеќето случаи, се асимптоматски, но во некои случаи, тие можат да доведат до болка во долниот дел на грбот поради воспаление на околната коска. Дијагнозата обично се постигнува преку магнетна резонанца . Повеќето се безболни и не бараат никаков медицински третман. Меѓутоа, во случаи на болни состојби, тие може да се третираат конзервативно со средства за ослободување од болка, одмор и зацврстување на грбот. Ако конзервативниот третман не е ефикасен, може да се изврши хируршки третман за да се помогне во ублажување на болката .

Остави го твојот коментар.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.