Цервикоцефаличниот синдром се карактеризира со болка и вкочанетост во горниот дел од цервикалниот ‘рбет пропратен со главоболка. Синдромот често е пропратен и со симптоми на вртоглавица, визуелни симптоми (нистагмус) и аудитивни симптоми (на пр. Тинитус).
Овие симптоми може да бидат и поврзани со вертебро – базиларна инсуфициенција каде што се јавува мешање на протокот на крв во вертебралната артерија кога вратот е наслонет на едната страна, во ротација или истегнат.
Етиологија
Цервикоцефаличниот синдром често е мешан синдром предизвикан од спондилогена иритација и компресија.
Суштински фактори се:
- Иритација на сензорните влакна, ретко на моторните и автономните влакна;
- Иритација или компресија на вертебралната артерија;
- Иритација на поголемите и помалите окципитални нерви.
Притисокот на вертебралната артерија и симпатичкиот нерв во близина на цервикалниот ‘рбет може да е поврзан со цервикоцефаличниот синдром. Со стимулација на ноцицепторите во зигапофизеалните зглобови може да се стимулираат болки во блиските мускули и тетиви. Ова може да се појави од неправилно позиционирани зглобови на поврзувањето глава/врат, отстапување на цервикалниот ‘рбет од оската на телото, исместување на пршлените и сл.
Овој синдром се карактеризира со главоболки од цервикално потекло, вртоглавици, аудитивни и визуелни нарушувања.
Може да се појави и благо нарушување во рамнотежата и намалување на движењата во вратот.
Физиотерапија
Оваа состојба се третира со комбинација на одредени физиотераевтски модалитети. Во третманот може да се примени:
- Манипулативни – мануелни техники на цервикалниот ‘рбет;
- Мобилизациски техники на цервикалните пршлени;
- Кинезитераписки вежби за врат;
- Електротерапија, електроакупунктура;
- Функционална магнетна стимулација;
- Кинезиотејпинг;
- Истегнување (stretching);
- Нервромускулни вежби.