Напредно
Пребарување

Тендинитис на двоглавиот мускул на надлактицата (m. biceps brachii)

 

Бицепсот (m. biceps brachii) претставува мускул на надлактицата кој што има две глави. Тие се наречени долга и кратка глава. При тендинитис на бицепсот најчесто се повредува долгата глава (онаа која што се прицврстува на горниот преден дел на рамото).

Долгата тетива на главата се прицврстува на капсулата на рамениот појас и е многу блиску до другите значајни структури на рамото, како што е ротаторната манжетна. Кога тетивата на бицепсот има било какво абнормално движење или прекумерен напор може да се воспали. Ова вклучува прекумерна напнатост (влечење), компресија (притисок) или истегнување. Доколку ова се случува често способноста на телото да го обнови ткивото се потиснува па така може да дојде до болки и повреди предизвикани од воспаление и оток.

Ризик фактори за појава на тендинитис на бицепсот:

  1. Повторувачки движења;
  2. Лоша механика на движење и држење на телото;
  3. Слабост во ротаторната манжетна;
  4. Промени поврзани со возраста;
  5. Нагло зголемување на рутината за вежбање на горниот дел од телото.

Како да ја препознаете состојбата?

Луѓето кои имаат тендинитис на бицепсот често имаат длабока болка во предниот дел на рамото. Поконкретно болката е локализирана во биципиталната јама (предна страна на горниот дел од хумерусот).

Понекогаш при оваа состојба се случува да болката има пропагација надоле по раката. Симптомите најчесто се јавуваат при движење со раката преку главата, влечење, кревање или фрлање. Нестабилноста на рамото може да се манифестира како опипливо и звучно пукање (крцкање) при движење на рамото.

Вообичаени симптоми:

  1. Остра болка во предниот на рамото кога раката ќе се подигне над главата;
  2. Осетливост при допир на предната страна на рамото;
  3. Изразена болка во предниот дел на рамото по извршување на физички активности;
  4. Слабост околу рамениот зглоб особено при носење на товар;
  5. Болка при фрлање;
  6. Потешкотии при извршување на секојдневните животни активности.

Третман

После направената дијагностика и потврдување на состојбата најважно е да дојдете во контакт со стручен физиотерапевт.

Мануелните техники имаат големо значење во третманот на оваа состојба, за ослободување на затегнатите мускули, мобилизација на вкочанетите зглобови и подобрување на крвоснабдувањето во целата регија.

  • Криотерапијата игра улога во намалување на воспалението особено во раната фаза со цел да се започне со останатите физиотерапевтски процедури;
  • Подобрување на обемот на движење – штом веќе воспалението и болката се намалени треба да се започне со зголемување на обемот на движење без болка. Тука не се вклучува само гленохумералниот зглоб како што и повеќето луѓе мислат, туку се прави третман и на вратот, трупот и лопатката. Доколку во овие зглобови е зголемена мобилноста и нема ограничување, и самиот зглоб на рамото ќе се движи полесно односно без напор. Најважно е да се обезбеди зголемен обем на движење во рамото и тоа во флексија и внатрешна ротација.
  • Зголемување на мускулната сила – Во рана фаза на оваа состојба треба да се работи на безболно зајакнување на мускулатурата на рамото како и на мускулите на грбот кои го поддржуваат рамото. Мускулите на ротаторната манжетна кои помагаат да се стабилизира и заштити гленохумералниот зглоб. Исто така од значење е и стабилизација на лопатката која е основа по која што се движи хумерусот. Рамениот појас треба да е доволно силен и стабилен. При зајакнување на мускулната сила може како дополнителен третман да се вклучи и Функционална магнетна стимулација со која што дополнително ќе се обезбеди обезболување, подобро крвоснабдување и зголемување на тонусот на мускулатурата.
  • Кинезиотејпинг – оваа техника може да се применува и во акутна и во хронична фаза на состојбата. Може да се направат апликации за обезболување како и апликации за стабилизација на рамениот зглоб.

 

Со навремено поставена дијагноза и навремено започната физиотерапија многу побрзо ќе се намалат болките и ќе се постигне функционалноста во рамениот зглоб.

Остави го твојот коментар.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.