Претставува повреда која може да се добие во прилика на скијање. Најчесто се случува кога при пад на скијашите не се откачат везовите, па скијата го продолжува ротационото движење додека сеуште е фиксирана за панцерицата. Бидејќи дел од потколеницата е фиксиран, силата се пренесува на слободниот дел, и увртувањето на скијата спирално ја крши тибијата и фибулата (коските на потколеницата) истовремено. Повредата бара итна ортопедска грижа, а карактеристична е по тоа што многу долго се имобилизира (гипс) – до 6 месеци.
По отфрлањето на гипсената имобилизација се гледа истиот проблем како и при отфрлањето на било која друга повреда, затоа се применува и иста терапија. И при текот на носењето на гипсената имобилизација можат да се применуваат агенси како што се магнетотерапија и интерферентни струи. Слободната мускулатура може да се вежба со статички контракции, заради спречување на мускулната хипертрофија и слабеење на мускулите.
По отфрлањето на гипсот можат да се применуваат различни модалитети на физикалната терапија, со тоа што во почетокот се избегнува термотерапија која може да доведе до настанување на посттрауматски компликации, односно Судекова атрофија. За слабите мускули на потколеницата, по отфрлањето на гипсот може да се примени електростимулација со SP облик на експоненцијални струи. При примена на експоненцијалните струи по скршеницата можеме да ги користиме следните пристапи:
- Да се измери обемот на движење, па потоа да се применува експоненцијални струи на групата на мускули кои го изведуваат движењето кое е ограничено. На пример, по скршеница на рачниот зглоб повеќе е ограничена екстензијата, затоа на групата екстензори на шаката се применува електростимулација. Треба да се внимава и во зајакнувањето на антагонистичката мускулна група, за да се совлада контрактурата.
- Ги стимулираме алтернативно мускулните групи кои учествуваат во движењето. Еден ден флексори, друг ден екстензори. Ова го применуваме кога имаме подеднакво ограничување на обете движења во двете мускулни групи. Кога станува збор за спирална скршеница на потколеницата, ваквата терапија најчесто се применува.
- Секогаш стимулираме една мускулна група без разлика на тоа кое движење е повеќе ограничено. Ваков вид на стимулација користиме најчесто кај терапија на посттрауматски компликации – Судекова атрофија. За горните екстремитети ги стимулираме екстензорите на шаката и прстите, а за долните екстремитети предниот дел на потколеницата. Промените кај Судековата атрофија се толку големи што со примена на електростимулацијата нема да се допринесе големо совладување на контрактурите. Затоа се применува зачувување на тонусот и трофиката на мускулите, а поради тоа што овој облик е дериват на едносмерна струја, која има свој позитивен ефект на метаболизмот на ткивата.
Кинезитерапијата се користи до граници на болката, се применува за зголемување на обемот на движење и јакнење на слабите мускули.
Од превентивен план, како што напоменав се вежбите за истегнување пред започнување на некои видови на пливање кои бараат посебно напрегање на телото, особено на грбот.
FLEXOFYTOL претставува препарат кој е на природна база кој служи како додаток во исхраната, а неговата цел е намалување на воспалението и болката поради активните компоненти куркуминоиди, кој вооедно е и оптимален за намалување на оптеретувањето. Со помош на овој вид на додаток на исхраната може да се зацврстат сите структури на локомоторниот апарат и да се забрза закрепнувањето. Високо препорачан препарат од активни спортисти и рекреативци, особено е важен за зимскиот период, кога многу витамини и не се баш најдостапни за да го стимулираат локомоторниот апарат во однос на сила и отпорност на повреда.
Високо го препорачувам овој додаток во исхраната произведен од TILMAN кој дава оптимални резултати при болка и намалена подвижност благодарение на природните соединенија од куркумата кои ги содржи.