Напредно
Пребарување

Поттикнувачки спирометар е медицинско помагало кое може да ви  помогне во одржување на вашите бели дробови после операција. Операцијата и анестезијата може да доведат до намалена белодробна активност која може да ве изложи на ризик од развој на белодробна пнеумонија или ателектази . Затоа е потребно да се проведуваат вежби со поттикнувачки спирометар во постоперативниот период за да го подобрите вашиот белодробен капацитет. Овој тип на вежби  треба да ги спроведувате пред и после операција во болница, но исто така треба да се продолжи и во домашни услови.

 

При спроведување на респираторните вежби со потикнувачкиот спирометар пациентот е потребно да направи продолжителен максимален инспириум. Максималната инспирација е бавна и длабока инспирација од функционалниот резидуален капацитет до вкупниот капацитет на белите дробови, проследено со задржување на здивот од ≥ 2-3 секунди. Поттикнувачкиот спирометар го олеснува максималниот инспириум, со вградени визуелни индикатори за перформанси со цел да му помогне на терапевтот да го подучи пациентот до оптимални перформанси. Уредот му дава на пациентот индивидуални повратни информации за протокот и волуменот, а исто така ја спречува или намалува ателектазата кога се користи соодветно и редовно.

 

Упатства за соодветна употреба

  • Пациентот треба да биде во опуштена положба погодна за длабоко дишење

(на пр. Да седи исправено на стол или да лежи странично ако е потребен дополнителен волумен на едното белодробно крило поради совпаѓање на ветилациска перфизуја)

  • Пациентот прави цврсто затварање на устата и бавно и длабоко вдушува.
  • Пациентот го гледа мерачот за проток за визуелна повратна информација. Вдишувањето се задржува 2-3 секунди,за да се создаде крајно инспираторно задржување.
  • Пациентот го отстранува поттикнувачкиот спирометар и издишува,нормалното дишење се обновува со опуштен рамен појас.
  • Пациентот треба да се советува да зема приближно десет стимулатино спирометриски вдишувања на секој еден час од будењето.

Индикации:

  • Предоперативен скрининг на пациенти со ризик од постперативни компликации за да се добие основна линија за нивниот инспираторен проток и волумен
  • Присуство на белодробна ателектаза
  • Пациенти инфицирани од коронавирус
  • Операција кај пацинети со ХОББ
  • Рестриктивна белодорбна болест поврзана со дисфункционална дијафрагма
  • Пациенти со невромуслуна болест или повреда на ‘рбетниот мозок
  • Респираторни компликации по абдоминални операции

Контраиндикации:

  • Пациенти кои не можат ефикасно да дишат длабоко поради болка, дисфункција на дијафрагма или опијатна аналгезија
  • Пациенти со тешка диспнеа
  • Замор
  • Хипервентилација
  • Пациенти кои не можат соодветно да го користат уредот или имаат потреба од надзор во секое време
  • Кај осетливи пациенти може да дојде до развој на бронхоспазам. Треба да се одржува внимателно следење на пациенти со хиперактивни дишни патишта.

Референци:
https://www.physio-pedia.com/Incentive_Spirometry

 

Остави го твојот коментар.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.