Напредно
Пребарување
  1. ВОВЕД

Во стоечка положба стапалата ја превземаат целата тежина на телото. За да биде одењето правилно посебно по нерамна површина, стапалата мораат да се прилагодуваат, за што е потребна цврста и стабилна градба на стапалата, како и добро функционирање на сите зглобови. Рамното стапало може да биде вродено и стекнато. Вроденото ретко се јавува и претставува многу сериозен деформитет, бидејќи е последица на промената на скочната коска, која е во вертикална положба. Честотоста на појавување на стекнатото рамно стапало со развојот на цивилизацијата се зголемува. Како причина се јавува намаленото движење (хипокинезија), од кое се претежно загрозени децата кои живеат во градовите, бидејќи одат исклучиво по рамна и тврда површина. Несоодветните обувки, кои ја огранучуваат активноста на мускулите, исто така неповолно влијаат на развојот на стапалата. Правилниот облик и функцијата на стапалата директно зависат и од правилната градба на коскената структура и добриот баланс на силата на мускулите кои учтвуваат во стоењето и одењето. Ако таа рамнотежа е нарушена, како последица се јавува стуштање на сводовите. Нормалното стапало има два свода, надолжен и напречен. Двата свода при локомоција (одење, трчање и скокање), не само што го подигнуваат телото од површината, туку дејствуваат и како еластичен регулатор, односно како амортизер. Поради низа ендогени или егзогени ризични фактори, најчесто доаѓа до попуштање на лонгитудиналниот свод или на двата свода истовремено. Во тој случај говориме за рамно или спуштено стапало. Ваквото стапало, гледано однапред и одозгора изгледа сплескано, односно раширено во неговиот преден и среден дел. Гледано одзади при стоење и одење, тоа повеќе го оптоварува внатрешниот дел од стапалото. Поради тоа Ахиловата тетива е искривена со конкавитетот спрема надвор.  Bo зависност пак од должината и поставеноста на прстите на стапалата, неговата форма и типот можат да бидат различни. Во однос на нормалните стапала, постојат повеќе отстапувања, а ние ќе се задржиме само на рамните и вдлабнатите стапала.

 

  • . Анатомија на стапало

Анатомијата на стапалото е одраз на разновидните функции кои бараат подвижност, снага, издржливост и естетика. Најважните делови на стапалото можат да се поделат во повеќе категории и тоа:

  • 26 основни коски,
  • 34 зглобови,
  • 107 лигаменти,
  • 21 мускули, нерви,
  • крвни садови

Оттука произлегува дека е многу важно да се процени како овие компоненти ќе влијаат врз  функцијата на оптоварување на фазата на одење. Карактеристички на нормалното стапало се: отсуство на болка, нормален меѓуоднос на мускулите, централно поставена пета, мобилни прсти без деформитети. Исто така е важен правилниот распоред на оптоварувањето на стапалото при стоење и при одење.

 

Слика 1. Анатомија на стапало

 

1.2. Коски и зглобови

Ossa pedis –коски на стапалото, поделени се на три групи и тоа:

  • Тарзални коски (ossa tarsi)

– поксимални : talus, calkaneus

– дистални: os naviculare, os cuboideum, os cueiforme mediale, os cuneiforme intermedium, os cuneiforme lateral

  • Метатарзални коски ( ossa metatarsi)
  • Коски на прстите ( ossa digitorum pedis)

Двете коски кои го формираат задниот дел од стапалото се talus и lcaneus, или коската на петата.

Талусот се поврзува со калканеусот со субталарен зглоб, кој овозможува стапалото да се свиткува на двете страни. Талусот е клучна коска во задниот дел на стапалото. Заедно со дисталните делови на тибијата и фибулата го сочинува талокруралниот зглоб односно телото на талусот е сместено во „лежиштето“ кое го чинат дисталните делови на тибијата и фибулата. Кога се гледа оваа положба на малеолусите, односно тибијалниот малеолус е поставен косо пред фибуларниот. Кога стапалото е во неутрална положба, влакната од интеросалната мембрана се поставени косо надолу од тибијата кон фибулата и тие се лабави. Гледана од горе, зглобната површина на трохлеата од талусот има конусен облик, односно напред е поширока, а назад потесна. Оваа зглоб а плоштина е потполно покриена со дисталниот крај на тибијата, додека бочната плоштина на телото од талусот е покриена со дисталниот крај на фибулата, што дозволува комплексност на движењата.

При дорзифлексија, предниот поширок дел од зглобната површина на талусот се наоѓа во лежиптето, доаѓа до подигање на фибулата нагоре, а со тоа и до затегнување на интеросалната мембрана, чии влакна се поставуваат хоризонтално. На тој начин се проширува попречениот промер на талокруралниот зглоб и талусот цврсто се поставува во лежиштето, така што не може да се направи натамошно движење. При плантарна флексија, потесниот, задниот дел од зглобната површина на телото од талусот се наоѓа меѓу малеолусите, што доведува до разлабавување на интеросалната мембрана и до релативна нестабилност на зглобот, односно во оваа положба е можна латерална подвижност. Оваа подвижност, при крајните степени на плантарна флексија, наметнува додатно оптоварување на лигаментите кои го држат талокруралниот зглоб, а тоа се предните и задните тибиофибуларни лигаменти, талофибуларни и калканеофибуларни лигаменти, како и делтоидниот лигамент. На долната страна на талусот се наоѓаат две зглобни фасети, кои одговараат на површината од горната страна на калканеусот. Постојат варијации во бројот на зглобните површини во субталарниот зглоб. Подвижноста на овој зглоб е под контрола на интеросалните талокалканеални лигаменти и на цервикалниот лигамент сместен во синус тарзи. Освeн овие лигаменти и латералните и медијалните лигаментарни комплекси дејствуваат во спречување на претераното движење во субталарниот зглоб.

            Калканеусот со текот на еволуцијата на човекот доаѓа до оформување на лонгитудиналниот свод на стапалото со подигање на тарзалните коски (навикуларната и кунеиформните коски). Ова е придружено со подигање на предниот дел на калканеусот и на кубоидната коска, со која калканеусот се зглобува со својата предна страна. Подигање на предниот дел на калканеусот се должи на притисокот на тетивите од долгите мускули на стапалото, кои поминуваат под sustentaculum tali. Sustentaculum tali  се смета дека претствува важна потпора на долгите муслули: m.flexor hallucis longus. Тој лежи директно во жлебот на сустентакулумот и на m.     flexor digitorum longus, а поминува вдолж внатрешната ивица на сустентакулумот. Со подигање на предниот дел на калканеусот во текот на еволуцијата се смалил и аголот што го чинат тетивите кои поминуваат од потколеницата до внатрешната страна на стапалото. Глуждот пак овозможува стапалото да се свиткува горе – долу. Надолу стапалотo е составено од пет коски наречени тарзални коски кои функционираат заедно како целина. Помеѓу нив има повеќе зглобови. Тарзалните коски се поврзани со пет долги коски наречени метатарзални. Двете групи коски се доста цврсто поврзани без многу движења во зглобовите. На крај следуваат коските на прстите наречени фаланги. Фалангите, 14 на број, го чинат скелетот на прстите од стапалото. Првите фаланги, phalanx proximalis, на базата имаат обична зглобна површина, а дистално – трохлеа. Вторите фаланги – phalanx media, имаат проксимално расцепена зглобна површина, а дистално – трохлеа. Третите фаланги – phalanx distalis, проксимално имаат површини како и другите, а на дисталниот крај – tuberositas unguicularis, избочување кое е плантарно насочено. Фалангите на првиот прст се најдолги и масивни, а малку свртени кон латералната страна. Дијафизите на метатарзалните коски осифицираат во десеттата недела од интраутериниот живот, епифизите се јавуваат во третата година, а се соединуваат со дијафизите во 16-20 година од животот. Дијафизите на проксималните фаланги окостуваат кон крајот на четвртиот или почетокот на петтиот месец од интраутериниот живот, средните фаланги во осмиот, а дисталните најрано во вториот месец од интраутериниот живот. Јадрата на епифизите за сите фаланги се јавуваат во втората половина од третата година, а сраснуваат со дијафизите од 18-21 година.

 

Слика 2. Талус и калаканеус

 

Останати коски кои се во склоп на стапалото се :

  • os naviculare
  • os cuboideum
  • os cueiforme mediale
  • os cuneiforme intermedium
  • os cuneiforme lateral
  • metatarsus
  • os metatarsi premium
  • os metatarsi secundum
  • os metatarsi tertium
  • os metatarsi quartum и други.

Лаковите  на стапалото ги формираат тарзалните и метатарзалните коски, зајакнати со лигаментите и тетивите, што овозможува стапалото да ја одржува тежината на телото во исправена положба. Лаковите на стапалото се поделени на трансверзален (попречен) и лонгитудинални (надолжни) кои се два, внатрешен и надворешен. Лаковите на стапалото почнуваат да се формираат со првото оптеретување на детето кога почнува да оди и до тригодишна возраст доаѓа до нивно дефинитивно формирање.

 

Слика 3. Лакови на стапало

При стоење стапалото има три упоришни точки кои ги формираат лаковите на стапалото и тоа:

  1. Задна упоришна точка – која ја чини џумката на петната коска
  2. Предна внатрешна упоришна точка – која ја чини главата на I метатарзална коска
  3. Предна надворешна упоришна точка – која ја чини главата  V метатарзална коска.

1.3. Лигаменти и тетиви

Лигаментите всушност ги претставуваат меките ткива кои поврзуваат коска со коска. Лигаментите се многу слични со тетивите. Разликата е во тоа што тетивите ги поврзуваат мускулите со коските. И дветет структури, тетивите и лигаментите, се направени од мали танки влакна од материја наречена колаген. Колагенските влакна се поврзани помеѓу себе и формираат структура на јаже. Лигаментите и тетивите имаат различна големина, и како и јажињата направени се од повеќе помали снопчиња на колагенски влакна. Колку е подебел лигаментот (тетивата), толку е појак. Ахиловата тетива (tendo calcaneus, tendo Achilles) е најснажната тетива во човечкото тело, долга е околу 15 см и е најважната тетива за одење, трчање и скокање. Таа ги поврзува мускулите на листот (m.gastrocnemius, m.soleus) со коската од петата (calcaneus)  и овозможува подигање на прсти. Задната тибиална тетива поврзува еден од помалите мускули на потколеницата со долната страна на стапалото. Оваа тетива помага во формирањето на сводот на стапалото и овозможува свртување на стапалото навнатре. Прстите имаат тетиви на долната страна од стапалото со кои се свиткуваат прстите и тетиви на горната страна кои ги исправуваат прстите. Предната тибиална тетива го подигнува стапалото. Две тетиви поминуваат покрај надворешната џумка на глуждот (malleolus lateralis) и се поврзуваат на надворешниот раб од стапалото  и нивната улога е да помогнат во свртувањето на стапалото нанадвор.

Многу мали лигаменти ги држат заедно коските од стапалото. Повеќето од тие лигаменти формираат дел од зглобните капсули околу секој од зглобовите на стапалото. Зглобните капсули се водонепропустливи, херметички затворени кеси кои се формираат околу секој зглоб. Тие се направени од лигаментите околу зглобот и меко ткиво кое ги пополнува празнините помеѓу лигаментите.

1.4. Дефиниција за рамно стапало

По дефиниција под рамно стапало се подразбира лесно препознатлив клинички деформитет одреден со малапозоција на неколку делови од стапалото. Како и сите други деформитети, рамните стапала по своето настанување можат да бидат вродени и стекнати.

Вродено рамно стапало е пропратено со отежнато одење, нарушена рамнотежа, брзо заморување и се вбројуваат во тешки деформитети.

Стекнато рамно стапало се забележуваат веќе и кај децата, а во подоцнежната возраст тие проблеми стануваат поизразени и поболни посебно кај некои професии каде има долго стоење на нозе. Исто така и занимавањето со спорт е ограничено бидејќи заморот и болките не дозволуваат долго трчање, скокање и други активности.

При дијагностички преглед треба да се разликуваат:

      Флексибилно рамно стапало спуштените сводови на стапалото се јавуваат како последица на оптеретувањето од телесната тежина. Флексибилното рамно стапало може да се дефинира како состојба, кога под оптеретување, стапалото доаѓа во пложба на пронанција со valgus на петата и абдукција на предниот дел на стапалото со губење медијалниот надолжен свод.

Вистинско рамно стапало постои структурна аномалија со супинација на предниот дел од стапалото. Рамното стапало укажува на можен ригиден облик и тоа поради сраснување на тарзалната коска, скратување на лигаментниот апарат, како и на зглобната чаура.

Лажно рамно стапало

Карактеристично е за децата до 18 месечна возраст, а според некои автори и до третата година. Настанува заради наталоженото масно ткиво во поголема количина на медијалната страна.

Правилно развиен свод на стапалото се карактеризира со:

  • Крушкаст облик на петата
  • Предниот дел на стапалото е споен со петата со тесна спојница
  • Воочлив агол на преминот од спојницата кон предниот дел на стапалото
  • Јасни отпечатоци на сите прсти

 

1.4.1. Асимптоматско рамно стапало

И покрај тоа што асимптоматското флексибилно рамно стапало кај возрасни е често присутно, тоа не бара третман и се смета како нормална варијанта на архитектурата на стапалото. Многу активни спортисти го имаат овај деформитет без или со малку влијание на нивната физичка активност.

1.4.2. Епидемиологија

Рамното (спуштено) стапало е најчест деформитет во пределот на стапалото. Тоа, исто така, е и една од најчестите причини заради кои децата посетуваат ортопед. Рамното стапало го означува секое спуштање на надолжниот лак на стапалото. Според некои истражувања, кај 90 отсто од детската популација до двегодишна возраст посто некој облик на рамно стапало. Во најголемиот број од случаите, тоа е физиолошка,  „нормална“ појава кај децата. Во текот на растењето, обликот на детското стапало постојано се менува со значителни индивидуални разлики меѓу поединците. Кај децата надолжниот  внатрешен лак на стапалото се развива после тригодишна возраст, заради некои фактори: постоење на масно перниче од внатрешната страна на стапалото кое исчезнува со текот на времето, лабавос на лигаментите, како и заради релативната слабост на мускулатурата кај децата во раст. Така рамните стапала до 18 месечна возраст се физиолошка појава, а според некои автори и до 3 години (иако во англиската стручна литература овој период се продолжува до 5, па и до 6 годишна возраст).

1.4.3 Еиологија

Најчесто настанува заради спуштање на сводовите. На појава на овие деформитети влијае пред се наследниот фактор, но и физичката неадекватност, неадекватните обувки. Последици се отежнатото одење, трчање и стоење, болки во нозете, а понекогаш и во крстот. Проблемот на рамно стапало може да биде потенциран од зголемена телесна тежина, нарушување на статиката на нозете (деформитети наколената во форма на Х) како и заради генерализираната лигаментарна слабост, а може да биде дел и на конституционалните одлики на индивидуата.

1.4.4.Причини за појава на рамно стапало

Проблемот на рамното стапало може да биде потенциран од зголемена телесна тежина, нарушување на статиката на нозете ( деформитети на колената во форма на Х ), како и заради генерализираната лигаментарна слабост, а може да  биде дел и на конституционалните одлики на индивидуата. Рамно стапало се јавува  кај деца со прекумерна телесна тежина, деца кои нагло израстуваат. А рамните стапала можат да се јават и во склоп на некои состојби како што се церебрална парализа, неуромускуларни болести, генетски условени синдроми каде што претставуваат само еден од симптомите на основната болест.

 

Слика 4. Изглед на нормално развиено и рамно стапало

1.5 Клиничка слика

Но рамните стапала кај возрасните можат да бидат пропратени и со болки во предел на стапалото, вдолж мускулатурата на задната страна на потколеницата, надворешната страна на натколеницата па се до лумбалниот рбет. Дополнителната причина за појава на болки кај физиолошкото рамно стапало кај возрасните е и зголемување на телесната тежина, пореметување на статиката на другите зглобови на нозете, дегенеративните и трауматските состојби на скелетот на стапалото и сл. Доста често како причина за стекнатото рамно стапало кај возрасните е и инсуфициенцијата на некои од мускулите на задната ложа на потколеницата, но тоа бара дополнителни испитувања и посебен третман. Во основа на заболувањето се наоѓа лабавостна лигаментарниот апарат, кој може да ги зафати и другите зглобови. Бидејќи центарот на стапалото е во нивото на втората метатарзална коска, детето оди со насочување на предниот дел на стопалото навнатре. Непријатно чувство во стопалото ретко се случува во детството.

Во развивањето на рамното стапало се разликуваат три стадиуми:

I стадиум – се карактеризира со лесно спуштање на сводот на стапалото како последица на ослабени мускули и зголеменото оптоварување. Во таков случај линијата на тежиштето се поместува кон внатрешната страна на стапалото.

II стадиум – се карактеризира со тоа што сводот и натаму се спушта. При овој степен, покрај попуштањето на мускулатурата имаме имаме и делумно лигаментарно оштетување, затоа што лигаментите кои што се сврзани за коските се истегнуваат.

III стадиум – се какактеризира со тоа што стапалото се допира до подот со целата своја површина. Кај него немаме никаква стапална кривина. При овој деформитет, карактеристично е тоа што мускулите и лигаментите се потполно оштетени, а коските заедно со мускулите на внатрешните делови на стапалото се неподвижни.

 1.5.1 Клинички преглед

1.5.1.1.. Инспекција

Со инспекција можат да се видат евентуалните конгенитални малформации на прстите и стапалата, деформитети на стапалото и ноктите, положба и типот на стапалото (cavus, planus, equinus, adductus)  деформитети на прстите (канџести, чекановидни, прегрлени прсти, hallux valgus и др.) Стапалото се прегледува и поради откривање на евентуални промени на кожата, улцери, варикозитети, едеми, еритеми или хиперкеротатични места. Хиперкератотичните места и клавуси може да откријат многу  работи, директно или индиректно постоење на деформитет. Очигледен е притисокот што доведува до појава на клавус на чекановиден и префрлен прст. Меѓутоа, при инспекција на табанската страна на стапалото се наоѓаат хиперкератотични места кои индиректно покажуваат постоење на деформитет: кај Мортоновиот тип стапало честа е појавата на дифузна хиперкератоза која е од површен тип, додека со проминирање на плантарниот кондил од метатарзалните глави или со проминирање на целата глава од метатарзалните коски се создава дискретна, добро ограничена хиперкератотична плажа со тврд центар, кој продира подлабоко и се создава клавус. Појавувањето на вакви промени на кожата покажува постоење на компресивна сила меѓу коските и подлогата која ја предизвикува коскениот деформитет или лоша биомеханика.

1.5.1.2. Палпација

Со палпација се утврдува каква е положбата на првата метатарзална коска во однос на другите, така што палецот од едната шепа се поставува под првата метатарзална коска, а палецот од другата шепа се поставува под другите метатарзални коски. Се гледа дали одвата палца се наоѓаат на исто ниво и од тоа се оценува дали односот е нормален или првата метатарзална коска е плантарно или дорзифлектирана во однос на останатите коски. Од оваа положба може да се оцени и односот и положбата на останатите метатарзални клави, така што со поместување на палецот од испитувачот може да се почувствува дали некоја од главите проминира, односно дали е плантарно флектирана. Во оваа положба може да се испита пасивната подвижност на првата метатарзална коска, така што пасивно се движи и се изведува дорзална и плантарна флексија. Нормален обем на движењето е 20о дорзифлексија и  20о плантарна флексија. Со палпација може да се оцени дали стапалото е од Мортонов тип, односно дали метатарзофалангеалниот зглоб од палецот е поставен проксимално во однос на метаразофалангеалниот зглоб од вториот прст за 8 мм (70).

 Неутрална положба на стапалото

Палпаторно се одредува неутралната положба на стапалото при која талусот и навикуларната коска се конгруенти. Се одредува така што со едната рака се палпира талонавикуларниот зглоб, а со другата рака се доведува ногата во абдукција и еверзија, а потоа во адукција и инверзија, притискајќи на четвртата и на петтата метатарзална коска од дорзалната и плантарната страна. Точката во која под прстите од првата рака талусот и навикуларната коска се конгруентни и неутрална положба. Сите движења, прегледи и мерења се изведуваат и се забележуваат сметајќи од неутралната положба.

Пасивна подвижност

Сметајќи од неутрална положба, обемот на пасивните движења во зглобовите на стапалото се:

абдукција                                          30о                              адукција                                 15о

инверзија на стапалото              25о                           еверзија на стапалото         25о

инверзија на петата                    20о                                          еверзија на петата              10о

дорзифлексија во

талокруралниот зглоб               20о                           плантарна флексија              50о

дорзифлексија во првиот                                         плантарна флексија во

метатарзофалангеален                                           првиот метатарзофалан-

зглоб                                           20о                         геален зглоб                             20о

1.5.1.3.  Клиничка проценка на стапалото

Клиничкиот преглед и проценката на стапалото како и на целиот долен кинетичен синџир, може да се подели на статичен и динамичен преглед,  потоа преглед на слободна нога (кога не ја поднесува тежината на телото) и преглед на нога која е оптоварена. Основната функција на ногата е одење односно оптоварување. Поголем дел од прегледот би требало да се врши на таа положба. Меѓутоа, драгоцени информации се добиваат со преглед додека ногата е слободна, а така добиените податоци се користат за натамошниот преглед да се насочи на преглед на ногата во функционална положба.

1.5.2 Дијагностицирање на рамно стапало

Дијагнозата на овој ентитет кај возрасните е слична како и кај децата, со ортопедски преглед, плантограм, диполнителни испитувања. Кај повеќето пациенти надолжниот лак на стапалото се јавува на возраст од три до пет години, а проценето е дека на 10 годишна возраст само кај 4% од детската популација  постои „проблемот“ на рамното стапало. Во секој случај при било каков сомнеж за деформитет на стапалото, најдобро е да се направи ортопедски преглед.

Ортопедскиот преглед се состои од набљудување на детето во седење, стоење, при одење како и при изведување на определени тестови. Потоа се проценува подвижноста на зглобовите на стапалото, се прави отисок од стапалото (плантограм), а по потреба и дополнителни испитувања. Сето тоа е потребно за ортопедот да ги издвои рамните стапала, кои се симптоматски и претставуваат физиолошка варијанта на нормалните стапала, од овие деформитети со рамни стапал кои се ригидни, со изразена симптоматологија и кај кои е потребно понатамошно испитување и соодветен третман. Спуштеното стапало кај децата и адолесцентите се смета за една од најважните предиспозиции за појавување на статички проблеми и синдромот на болен рбетен столб и нозе кога ќе пораснат.

 

При набљудување на босо дете во фронтална и сагитална рамнина треба да се забележи:

  • Положбата на стапалата
  • Ахиловата тетива
  • Положбата на чунестата коска
  • Рабовите на стапалото
  • Положбата на прстите и вкупниот став на телото
  • Изглед на сводот на стапалото.

Поставувањето на дијагнозата може да се направи со повеќе апарати и тоа:

Подоскоп – апарат со огледала со помош на кој се набљудуваат стапалата од долната страна и со помош на кој се добива информација за изгледот на стапалото. Со него се одредува и точниот степен на спуштеност на сводот на стапалото.

Плантограм – наједноставен начин за одредување на состојбата со стапалата. Се изведува со земање на отисок со  боја на лист хартија. Читањето на плантограмот се врши на следниот начин: се повлекува линија (Mayer – ова линија) која ги поврзува врвот на петата и третиот прст. Доколку отисокот не ја поминува линијата, станува збор за добро стапало.

Слика 5. Плантограм

За методот на плантографија потребно е метален сад 40 х 60 цм.висок околу 3 цм, во кој се става повеќеслојна газа натопена со мастило. Откако ќе ја стави ногата на газата, испитаникот треба да згазне на лист хартија А4 формат на кој остава отпечаток. Добиената слика се вика плантограм и е прикажана на слика

Отисок во пена – сето се состои од т.н. биомемориска пена во која се добива тродимензионален отисок од стапалото.

Електронски подометар – со него се добива електронски отисок на стапалото врз основа на кој може да се направи статичка и динамичка анализа на стапалото.

Слика 6. Електронски подомер

Степени на спуштеност на сводовите на стапалото

  • I степен – отисокот на стапалото поминува на внатрешната линија за ½
  • II степен – отисок на 2/3 од стапалото
  • III степен – отисок на цело стапало

IV степен – срхитектониката на стапалото е толку нарушена што пациентот се наслонува на внатрешниот раб на стапалото.

 

 Мерење на точките на стапалото

Пред секое мерење се одредуваат точките на оските на сегментите за ориентација при мерењето. Пациентот се поставува во лежечка положба на стомак, нозете се надвор од ивицата на креветот за околу 12 до 20 цм. и се одредува линијата како оска на долната третина на подколеницата и калканеусот. Со цел полесно да се стабилизира ногата и стапалото кое се мери, се поставува спротивната нога „во положба на 4“, односно флектирана, абдицирана и надворешно ротирана во колкот и флектирана во коленото, а стапалото ја допира потколеницата од ногата која се мери.

Превенција на рамно стапало

Првиот момент кога може превентивно да се дејствува е кога бебето се исправа, односно поминува во стоечки став. За да може стапалата правилно да се развиваат, тоа треба да биде постепено, како не би се оптеретувале недоволно зацврстените мускули. Кога веќе ќе проодат добро е децата што почесто и што подолго да одат боси по нерамна подлога (песок, трева сл.) која со своите нерамнини ќе ги стимулира на активност мускулите на стапалата и подколеницата. Соодветните чевли и обувки кои не ги  стегаат прстите, исто така значајно влијаат на правилниот раст и развој на стапалата. Доколку кај малото дете се забележи закривеност на петата и Ахиловата тетива, и тоа повеќе од пет степени, потребно е да носи чевли со соодветна влошка, кои ги препишува лекар, а нивното носење треба да биде пропратено и со соодветни корективни вежби. Во летните месеци децата да се ослободат од тесните често несоодветни обувки, и да се пуштат да одат боси по трева, песок,секогасш кога за тоа има прилика. Децата треба да се поттикнуваат што почесто да се движат да трчаат, скокаат, да се качуваат, односно да се потикнуваат на активности со кои ќе ги зацврстат нозете и ќе ги зајакнат мускулите на стапалата. Кај потешките деформитети на рамни стапала потребно е да се направат и дополнителни испитувања во смисла на скратување на Ахиловата тетива, кои понатаму бараат соодветен третман. Единствена прочина за оперативно лекување на физиолошките рамни стапала е значителна неподударност на скелетот на стапалото, која предизвикува силна болка и прекумерно забење на чевлите.

 1.6. Третман на рамно стапало

Во најголемиот број на случаи, рамните стапала во детската возраст се безболни и повеќе козметички, отколку функционални деформитети и притоа не е потребен активен третман. Грижата на родителите не е пришина по секоја цена да се ординираат ортопетски помагала од типот на ортопетски влошки или корективни чевли. Кај децата во тој период се советува одење боси по нерамен терен, како и одредени вежби на одење на прсти, на пети, фаќање на предмети со стапалата, пред се заради активирање и јакнење на мускулатурата на стапалото, која индиректно влијае на постуралната состојба на стапалото. Научно е утврдено дека превентивното ординирање на ортопедски влошки и чевли не влијае во понатамошниот развој на стапалата, така што грижата на родителите дека нетретирањето на асимптоматските физиолошки рамни стапала кај децата ќе доведат до подоцнежни компликации или деформитети. Третманот на рамните стапала во детската возраст е оправдан, доколку детето се жали на болки во стапалата, подколеницата или ако кај пациентот постои изразено абење на чевлите. Но дијагнозата на ваквите флексибилни рамни стапала оди по пат на исклучување на многу други посериозни состојби кои можат да ги дадат истиоте симптоми. Симптомите на замор и неудобност во пределот на стапалата и нозете се третираат со прилагодување на чевлите кои треба да бидат удобни, со висок и широк преден дел, како и со добар надолжен лак, или пак со влошки кои според проценката на ортопедот можат да бидат парцијални или целосни, со внатрешно перниче, со дополнително перниче во предниот дел на стапалото, со внатрешен клин по должината на задното стапало. Кај потешките случаи на симптоматско физиолошко рамно стапало кои не реагираат на почетниот конзервативен метод се ординираат специјано израбитени индивидуални влошки кои порамномерно ја распоредуваат телесната тежина врз стапалото. Единствената причина за оперативно лекување на физиолошките рамни стапала е значителна неподударност на скелетот на стапалата, која предизвикува силна болка и пркумерно абење на чевлите.

1.7. Физикален третман при рамно стапало

Лекувањето се спроведува со физикална терапија и носење ортопедски чевли со влошки. Лекувањето започнува уште во најраната возраст на формирањето на сводовите на стапалата (околу третата година од животот), со вежби се јакнат сите структури на стапалото во форма на одење на прсти/пети и особено босоноги по нерамни подлоги, бидејќи рамните тврди подлоги некои со право ги сметаат за основна причина за се поголема појава на рамни стапала кај луѓето. Некои нови оперативни техники опфаќаат користење на разни имплантанти. Оперативните техники се користат многу ретко поради слабите резултати.

  • Вежби и корекција

Вежбите кои се опишани подолу се дел од програмата за корекција на рамни стапала. Целиот програм содржи повеќе вежби, од кои секоја се повторува по 10 пати.

Набројуваме некои од вежбите кои се применуваат во вакви случаи:

 

  • Од седечка положба со испружени колена и затегнати стапала се виткаат прстите према лицето и назад.

 

 

Слика 8. Вежби за рамно стапало I

 

  • Од седечка положба со испружена една нога, а со другата нога со помош на стапалото се допира другата нога на коленото.

 

 

Слика 9. Вежби  за рамно стапалоII

 

  • Одење на пети со свиткани прсти по рамна површина.

 

 

 

Слика 10. Вежби за рамно стапало III

 

 

Оптимално време за изведување на вежбите според возраста е :

  • Од 3 до 6 години, од 5 до 10 минути;
  • Од 7 до10 години, од 10 до 15 минути;
  • Од 11 до 14 години, од 15 до 20 минути.

 

 

 

2.ЦELI

При изработка на оваа дипломска работа се поставени следниве цели:

  • Да се прикаже застапеноста на бројот на регистрирани случаи со деформитетот рамни стапала при направените систематски прегледи во основното образование 2011 година од страна на Здравствениот дом – Крушево, град Крушево, Општина Крушево и Општина Долнени
  • Да се прикаже застапеноста на бројот на регистрирани случаи со деформитетот рамни стапала при направените систематски прегледи во средно образование 2011 година од страна на Здравствениот дом – Крушево, град Крушево, Општина Крушево и Општина Долнени.
  • Да се прикаже застапеноста на бројот на регистрирани случаи со деформитетот рамни стапала при направените систематски прегледи на студентите при факултетот за туризам и угостителство.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

3.МАТЕРИЈАЛ И МЕТОД

Како материјали за оваа дипломска работа се користени податоци за направените систематски прегледи од страна на Здравствениот дом- Крушево кај ученици од основно, средно образование и студентите од туризам и угостителство – Крушево. Земени се податоци за застапеноста на деформитетот рамно стапало од Заводот за Јавно Здравје во Крушево. Податоците се однесуваат на периодот од 2011 до 2012 година. Податоците се анализираат според година на преглед, пол и едукативна група, како и според местото на живеење (град/село). Овие податоци се статистички обработени и прикажани по фрекфенција номинална и процентуална и тоа табеларно и графички.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

4.РЕЗУЛТАТИ И ДИСКУСИЈА

  • Според добиените податоци од Заводот за јавно здравје – Крушево, добиени се следниве резултати за извршените систематски прегледи кај учениците од I, III, V, VII одделение, при основно училиште „Никола Карев“ во градот Крушево.

Табела 1. Извршени систематски прегледи и број на ученици со рамни стапала во основните училишта во Крушево во 2011 година.

2011 година Машки Женски Вкупно
I одд. 14 12 26
III одд. 4 1 5
V одд. 9 3 11
VII одд. 9 6 15
Вкупно 36 22 58
 % 62 38 100

 

Графикон 1. Приказ на соодносот на ученици со рамни стапала во основните училишта во Крушево во 2011 годин

  • Според добиените податоци од Заводот за јавно здравје – Крушево, добиени се следниве резултати за извршените систематски прегледи кај учениците од I, III, V, VII одделение, во Општина Крушево.

Табела 2. Извршени систематски прегледи и број на ученици со рамни стапала во основните училишта во општина  Крушево во 2011 година.

2011 година Машки Женски Вкупно
I одд. 9 10 19
III одд. 15 3 18
V одд. 8 5 13
VII одд. 0 2 2
Вкупно 32 20 52
 % 61 39 100

 

Графикон 2. Приказ на соодносот на ученици со рамни стапала во основните училишта во  општина Крушево во 2011 година

  • Според добиените податоци од Заводот за јавно здравје – Крушево, добиени се следниве резултати за извршените систематски прегледи кај учениците од I, III, V, VII одделение, во Општина Долнени.

Табела 3. Извршени систематски прегледи и број на ученици со рамни стапала во основните училишта во општина Долнени во 2011 година

2011 година Машки Женски Вкупно
I одд. 1 0 1
III одд. 2 1 3
V одд. 1 2 3
VII одд. 1 1 2
Вкупно 5 4 9
 % 55 45 100

 

Графикон 3. Приказ на соодносот на ученици со рамни стапала во основните училишта во  општина  Долнени во 2011 година.

  • Според добиените податоци од Заводот за јавно здравје – Крушево, добиени се следниве резултати за извршените систематски прегледи кај средношколците од I и IVгодина средно оразование, при СОУ „ Наум Наумовски Борче “ во град Крушево.

Табела 4. Извршени систематски прегледи и број на ученици со рамни стапала во средно образование при СОУ „ Наум Наумовски Борче“ Крушево.

2011 година Машки Женски Вкупно
I клас 10 5 15
IV клас 8 5 13
Вкупно 18 10 28
 % 64 36 100

 

Графикон 4. Приказ на соодносот на ученици со рамни стапала во средно образование СОУ „ Наум Наумовски Борче“ Крушево

  • Според добиените податоци од Заводот за јавно здравје – Крушево, добиени се следниве резултати за извршените систематски прегледи кај средношколците од I и IVгодина средно оразование, во Општина Долнени.

Табела 5. Извршени систематски прегледи и број на ученици со рамни стапала во средно образование во општина Долнени.

 

2011 година Машки Женски Вкупно
I клас 17 1 18
IV клас 2 1 3
Вкупно 19 2 21
 % 90 10 100

 

Графикон 5.  Приказ на соодносот на ученици со рамни стапала во средно образование во општина Долнени.

 

  • Според добиените податоци од Заводот за јавно здравје – Крушево, добиени се следниве резултати за извршените систематски прегледи кај студентите од факултетот за туризам и угостителство.

 

Табела 6. Извршени систематски прегледи и број на рамни стапала кај студентите од факултетот за туризам и угостителство.

2011 година Машки Женски Вкупно
I година 6 7 13
II година 3 9 12
Вкупно 9 16 25
 % 36 64 100

 

Графикон 6.  Приказ на соодносот на студентите  со рамни стапала од факултетот за туризам и угостителство.

  1. Заклучоци

Од претходно изнесеното може се заклучи:

 

  • Рамни стапала или табани е деформација на стапалата и се карактеризира со спуштање на сводот на стапалата.

 

  • Дијагнозата се воспоставува со клинички преглед и проверка со отисок на стапалата или со отисок во специјална „сунѓераста пена“, со компјутерска анализа.

 

  • Лекувањето е најчесто со опртопедски чевли и со ортопедски влошки или физикална терапија. Лекувањето почнува од најрана возраст, во текот на формирање на лаковите на стапалата до 4-та година. Со вежби се јакне структурата на стапалата во облик на одење на прсти и петици, а посебно босоног по нерамен терен.

 

  • Рамните стапала се застапени кај сите категории на ученици во општината Крушеви и околните села, и општина Долнени.

 

  • Застапеноста е повеќе кај женскиот пол и тоа одговара на светската статистика.

 

  • Редовните вежби кај децата овозможуваат намалување на процентот на деформитетот рамни стапала, така што кај повозрасните ученици се намалува нивниот број.

 

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.