💢 Пириформис синдром
▪️Тоа е состојба во која мускул пириформис го компресира ишијатичниот нерв, предизвикувајќи симптоми на ишијас по должина на на долниот екстремитет.
▪️Нормално, ишијатичниот нерв излегува од внатрешниот дел на карлицата помеѓу мускул пириформис и горниот дел од мускул гемелус.
▪️Меѓутоа, приближно 10% до 20% од случаите, дел или целиот ишиатичен нерв или излегува преку пириформисот, или над него, помеѓу пириформисот и глутеусот медиус.
▪️Без разлика на односот на пириформисот и ишијатичниот нерв, доколку мускулот е доволно затегнат, нервот може да биде компримиран, што резултира со ишијас.
▪️Доколку дојде до компресија на ишијасот и се појават симптоми на ишијас, тогаш без разлика на причината, тоа може правилно да се нарече ишијас.
💠 Механизам и причини
▪️Мускулот пириформис може да се згрчи поради прекумерна употреба.
▪️Пириформисот делува како страничен ротатор на бутот на зглобот на колкот, како и контралатерален ротатор на карлицата на зглобот на колкот.
▪️Пириформисот е исто така функционално важен кон стабилизирање на сакрумот т.е на сакроилијачниот зглоб и стабилизирање на зглобот на колкот.
💠 Управување
▪️Бидејќи синдромот на пириформис е состојба од мускулно потекло, тоа значи дека добро ќе реагира на манипулација со меките ткива.
▪️Мануелна терапија и истегнување можат да бидат значително корисни при справување со овој проблем.
Но исто така можат да бидат применети и други физиотерапевтски методи како што се кинезиотејпинг , електротерапија, терапевтски ултразвук,IASTM , вендузи/cupping, и слично.
Блаже Арсов , Дипл.Физиотерапевт ,Специјалист за рeхабилитација во хирургија ,трауматолoгија и ортопедија ,сопственик на портaлот www.fizioterapevti.mk каде што објавува медицински информативни текстови. Целосно насочен кон грижата на клиентот и неговиот процес на рехабилитација. За да дознаете повеќе, посетете го неговиот профил на www.fizioterapevti.mk