Опоравување по операција на простата и третман на инконтиненција
Доминантна причина за уринарна инконтиненција кај мажите е нарушената функција на уретралниот сфинктер после радикално отстранување на простата при што предизвикува стрес инконтиненција на мочниот меур. По операцијата за отстранување на простатата, кога истовремено ќе се отстранат напречно-пругастиот сфинктер и мазниот мускулен сфинктер, се создава „анатомски“ дефект. Затоа, најважно за време на операцијата е да не се оштетат мускулните влакна на напречно-пругастиот сфинктер на уретрата и да се зачува должината на уретрата или мазниот мускулен сфинктер. Ефективноста на сфинктерот се заснова на неговата должина и сила.
Како влијае инконтиненцијата на здравјето на мажот?
Враќање на контролата над мокрењето
Заздравувањето на мочниот меур и уретрата е постепено и целосно завршува помеѓу 6 и 18 месеци по операцијата.Тековните истражувања покажуваат дека враќањето на контролата врз мокрењето по радикална простатектомија зависи и од тоа колку време поминало од операцијата. Резултатите од литературата, покажуваат дека приближно 33% од пациентите ќе бидат континентни по еден месец, 70% по три месеци, 83% по шест месеци и повеќе од 90% по првата година. Само 3% од пациентите стануваат иконтиненти повеќе од една година по операцијата.
Успехот на операцијата и постоперативниот тек се под влијание на возраста на пациентот, предоперативниот статус ,состојбата на мокрењето, хируршката техника, искуството на хирургот и постоперативните фактори. Степенот и инвазивноста на третманот на уринарна инконтиненција зависи од интензитетот и сложеноста на симптомите и клиничката слика. Целта на почетниот третман е да се препознаат комплицираните инконтиненции кои бараат покомплексен дијагностички и специјалистички третман. На ниво на примарна здравствена заштита, потребна е основна дијагностичка работа и исклучување на можна основна болест како што е инфекција на уринарниот тракт.
Како се третира инконтиненцијата
Третманот на уринарна инконтиненција има бројни опции, претежно од конзервативна природа, како што се промени во животниот стил, хигиено-диететски режим, вежби за зајакнување мускулатурата на карличното дно ,„тренинг“ на мочниот меур и фармакотерапија. Корисно е вежбање на мочниот меур и прилагодување на внесот на течности.
Вежбите за мочниот меур вклучуваат планирано мокрење во интервали од два до три часа, а вежбите за карличните мускули (на пр. Кегелови вежби) често се ефикасни, особено при стрес инконтиненција.Истотака свое место во третманот има и електротерапијата при што со различни методи електостимулација или функционална магнетна стимулација може да се третира на карличното дно .Со помош на електрични импулси се инхибира прекумерната активност на детрусорот (мазните мускули во ѕидот на мочниот меур) и со тоа се предизвикува зајакнување на карличната мускулатура.
На пациентите им се советува да го ограничат внесот на течности во одредени периоди, да избегнуваат пијалоци кои го иритираат мочниот меур и да консумираат еден и пол до два литри течност дневно.
Фармаколошката терапијата честопати е од значителна помош и не треба да се избегнува . Нај често употребувани се антихолинергици и антимускариници кои го релаксираат детрусорот, алфа агонисти кои го зголемуваат тонусот на сфинктерот и инхибиторите на 5-алфа редуктаза кои во главно се користат за редукција на опструкцијата кај мажи со итна или преливна инконтиненција.
Доколку конзервативниот третман не даде поволен резултат, може да се размислува за хируршки третман на инконтиненција. На ниво на специјалистичка здравствена заштита, во случаи на неуспех на примарна терапија, нејасна дијагноза или сложеност на природата на болеста, потребен е поширок специјалистички и дијагностички третман (радиологија, цитологија, ендоскопија, уродинамика). Тука влегуваат во игра инвазивните и хируршките методи на лекување – вештачки сфинктер, ботокс, зголемување на мочниот меур или интермитентна катетеризација. За изборот на методот, секако, одлучува специјалист уролог.