Сноубордингот најчесто се смета како еден од помладите зимски спортови. Започна во 1960-тите, кога инженерот Њерман Попен ги прицврсти двете скии заедно за да и помогне на својата ќерка да научи да скија, за подоцна ваквата тактика да биде земена и развиена од ентузијасти во скејтбординг и фанатици за зимски спортови.
Денес сноубордингот е огромно популарен низ целиот свет и е признат како олимписки спорт. Исто така, овој спорт е пропратен со висок ризик на повреди. Заштитната опрема може да ја превенира или минимализира повредата, но несреќите кај овој вид на спорт секогаш се случуваат во одредена фаза.
Видот на повредите кои се вообичаени за сноубордингот се различни од повредите при скијање, тоа во најголем дел се должи на опремата. Скијањето е познато за повреда на нозете, додека со сноубордингот, повеќе веројатно е да настане повреда на горниот дел од телото.
Всушност, најчестите повреди при сноубордингот се на зглобот на раката. Почетниците при овој спорт паѓаат често и треба да се научат да не паѓаат со помош на лактот. Исто така, почетниците честопати не се мачат со професионални инструкции и тоа може да значи паѓање баш на овој начин. Искусните сноубордери знаат дека ова не е правилен начин на паѓање!
Покрај повредите на зглобовите, паѓањето со испружена рака може да ја пренесе силата по раката и да предизвика повреда на рамото или лактот. Околу 60% од повредите во сноубординг се на раката, зглобот на раката или палецот.
Комплицираната фрактура на зглобот може да ги зголеми шансите за остеортрит и долгорочен инвалидитет на раката. Генерално, потребни се осум недели за да се лекува зглобот, но може да трае и многу подолго. Ова може да биде многу фрустрирачко, бидејќи неможноста целосно да се користат рацете прави намалување на секојдневните активности. Повредите на зглобовите може да се избегнат со соодветна опрема за безбедност! Бандажи за зглобовите на раката се широко достапни. Повредата на глава и лице исто така се почести кај сноубордерите отколку кај скијачите. Всушност, ризикот од повреда на глава кај сноубордерите е скоро двојно поголем од оној на скијачите. Повредите на глава може да бидат предизвикани од пад или судир. Особено почетниците можат да паднат наназад и да го погодат задниот дел на главата (окципиталната коска).
За среќа, повредите на главата се ретко сериозни. Но, кога се сериозни, можат да бидат и трагични. За да се избегне повреда на глава при сноубордингот, високопрепорачано е носење на кацига.
Оштетувањето на лигаментите на коленото е најчестата повреда на коленото, со 40% од сите повреди на предниот вкрстен лигамент на коленото се препишуваат при екстремни спортови. И повредите во лигаментите и фрактурите се сериозни и имаат долго време на закрепнување што вклучува физикална терапија и лекови. Понекогаш, дури и е потребна операција, во зависност од сериозноста на штетата.
Добро дизајнираната бандажа на коленото има за цел да нуди заштита, обично произведена од материјали кои нудат стабилност за да може спортистот да се справи со пресвртувања, вртења и скокови на падините.
Но, како да се превенираат овој вид на повреди при сноубордингот?
Бидејќи зборуваме за зимски спортови, кадешто многу витамини не ни се баш при рака, потребна е консумација како додатоци во исхраната се со цел да се подобри статиката и механизмот на нормална работа на зглобовите. Од претходно изјаснатото, најчестите повреди при сноубордингот се токму баш на зглобовите, за кои закрепнувањето е доста тешко и бара време. Постојат специјализирани додатоци во исхраната кои се за закрепнување на зглобовите и подобра спортска активност на база на природни состојќи кои ветуваат превенција при ваков вид на спортски повреди.
FLEXOFYTOL претставува препарат кој е на природна база, спаѓа во групата додатоци во исхраната. Ги подобрува сите структури на локомоторниот систем и спречува развој на ОА. Воедно и намалува болка. Карактеристиките на овој препарат е да помогне во намалување на воспалението и болката која се јавува кој оние кои зимскиот спорт го практикуваат почесто рекреативно или кај оние кој се занимаваат професионално со спорт. FLEXOFYTOL е Белгиски препарат кој во својот состав содржи активните компоненти наречени куркуминоиди, на кои се должи неговото дејство. Секој ќе рече дека куркуминот го венсува како зачин во храна или користи некој друг препарат кој во својот состав содржи куркумин, но правото прашање е колку од активните компоненти се ресорбираат во дигестивниот тракт или поточно, колкава е активноста на тој куркумин. Го намалува воспалението и болката доколку се употребува правилно по соодветна шема на дозирање. Може да се користи и пред физичка активност за превенирање на посериозна повреда и зголемување на отпорноста на телото
Голем број од оние кои го употребувале овој препарат, спомнаа дека сакаат да го продолжат третманот со FLEXOFYTOL. Високо го препорачувам овој додаток во исхраната произведен од TILMAN кој дава оптимални резултати при болка и намалена подвижност благодарение на природните соединенија од куркумата кои ги содржи.