Одбојката претставува одличен спорт за играчи од сите возрасти. Но, како и секој спорт, може да резултира со повреди. Поголемиот дел од повредите во одбојката генерално може да се класифицираат како хорнични (преоптеретување) или акутни (трауматски) повреди.
Повредите кои настануваат поради пероптеретување се случуваат со текот на времето како резултат на стрес на мускулите, зглобовите и меките ткива без соодветно време за заздравување. Тие започнуваат како мала болка и може да прераснат во повреда која оневозможува нормално функционирање на секојдневните активности. Некои повреди од вакво оптеретување се следните:
- Тендинитис на рамената;
- Бурзитис;
- Замрзнато рамо;
- Тениски лакт;
- Тендинитис на Ахиловата тетива;
- Остеоартритис на коленото;
- Болка во долниот дел на грбот.
Од друга страна, акутните или трауматските повреди се случуваат како резултат на ненадејна повреда, сила или удари и можат да бидат доста опасни. Некои од тие се:
- Раскината ротаторна манжетна (мускули одговорни за кружно движење на рамото;
- Дислокација на рамената;
- Скршеници на прстите;
- Херниран диск.
Повредите на коленото за време на одбојката се поретки, но кога се појавуваат тие обично се или на лигаментите или на менискусите.
Повредите на лигаментите на коленото се многу чести кај спортовите кои бараат ненадејно стопирање или брзо менување на насоките. Овие екстремни сили на коленото може да резултираат со искинати лигаменти. Предниот и медијалниот вкрстен лигамент најчесто се повредени.
Повреди на менискуси. Менискусите делуваат како перничиња помеѓу бутната коска и тибијата (голеницата). Расцепот на менискусите често настанува како резултат на извртување, вртење или како резултат на ненадејно надворешно влијание. Повредата може да се идентификува со разни дијагностички тестови.
Хондромалација. Овој термин се однесува на омекнување и влошување на долната страна на коленото. Кај младите спортисти, ова обично е повреда од траума, преоптеретување, лошо усогласување на зглобот на коленото или неурамнотеженост на мускулите. Ова доведува до триење под коленото и оштетување на површината на ‘рскавицата. Се чувствува болка околу или под коленото што се влошува при одење по скали или угорнини, или пак некоја друга активност што вклучува носење на тежина.
Следните вообичаени спортски повреди исто така може да се забележат кај одбојкарите и одбојкарките:
- Плускавци: плускавците се вреќи исполнети со течности на површината на кожата. Најчесто се појавуваат на рацете или нозете, а настануваат како резултат на триење.
- Задоцнета болка во мускулите (DOMS): оваа вкочанетост или болка во мускулите се јавуваат 24 до 48 часа по особено интензивно вежбање или при започнување на нова фитнес активност.
- Плантарен фасцитис: плантарниот фасцитис претставува најчеста причина за болка кај петицата и обично се дефинира како болка за време на првите утрински чекори.
- Стрес фрактури: стрес фрактурите на нозете честопати настануваат како резултат на преоптеретување или повторувачки играња на тврда површина.
Неколку совети за превенција при повреди во одбојката
Многу спортски повреди настануваат како резултат на преоптеретување, недостаток на соодветен одмор, недостаток на соодветно загревање на мускулите или лош тренинг. Следните мерки на претпазливост се препорачуваат се со цел да се спречат повредите во одбојката:
- Темелно загревање на мускулите пред тренинг;
- Носење на чевли отпорни на лизгање;
- Користење на добра одбојкарска техника и играње според правилата;
- Чист терен за играње на одбојка. Лизгавиот терен двојно ги зголемува шансите за повреди во одбојката;
- Секогаш треба да се има при рака комплет за прва помош;
- Доколку настане повреда, потребно е соодветно закрепнување. Строго забранети се тренинзи пред да одобри физиотерапевт почеток на тренинг по повредата;
- Останете хидрирани и по тренингот.
- На пазарот постојат многу видови на додатоци во исхраната, потребно е да ги одберете најдобрите. Додатокот во исхраната FLEXOFYTOL со своите компоненти на куркума го забрзува процесот на заздравување и дејствува антивоспалително поради своето својство кое го има куркумата.
- Индикации за кои се препорачува овој препарат се повреди на зглобови, муслули и тетиви. Дозирањето е различно, зависно од степенот на повреда и старосната група.
- Активните компоненти делуваат за побрзо закрепнување на телото после повредата;
- Куркуминот намалува замор и ја зголемува силата за перформанс, посебно кај оние спортисти кои имаат нагли движења на телото како што е случај во одбојката;
- Не сите куркумини се искористливи. Во Флексофитолот, куркумата е во т.н био-оптимизиран облик што значи дека во висок процент се искористува од телото;
- Во препаратот Флексофитол, антиинфламаторниот механизам на дејство е добро објаснет во доволен број на студии што ја зголемува теоријата за негова употреба и ефикасност.
FLEXOFYTOL Високо препорачан додаток во исхраната кој во својот состав содржи куркумин.