Мобилизација на меките ткива со помош на инструменти (IASTM) е квалификувана миофасцијална интервенција што се користи за третман на меките ткива. Се заснова на принципите на масажата со вкрстено триење според Џејмс Сириакс.
Се применува со помош на инструменти кои обично се направени од нерѓосувачки челик со заоблени рабови и контури кои одговараат на различните анатомски локации на телото и овозможуваат подлабоко продирање. Се користи за откривање и лекување на нарушувања на меките ткива.
IASTM е „вешта интервенција која вклучува употреба на специјализирани алатки за манипулирање со кожата, миофасцијата, мускулите и тетивите со различни техники за директен компресивен удар“.
Се смета дека самата техника еволуирала од Гуа ша, која е метода што се користи во кинеската медицина. Гуа ша користи инструменти со измазнети рабови за да ја струга кожата додека не се појават црвени флеки. Сепак, Gua sha има различно образложение, цели и метод на примена од IASTM.
Како функционира?
Инструментите можат ефикасно да ги разбиваат фасцијалните ограничувања и ткивото околу лузните. Ергономскиот дизајн на овие инструменти му обезбедува на практичарот можност да ги лоцира ограничувањата и воедно да ја третира погодената област со соодветна количина на притисок.
Воведувањето на контролирана микротраума во погодената структура на меките ткива предизвикува стимулација на локалниот воспалителен одговор. Микротраумата иницира реапсорпција на несоодветна фиброза или прекумерно ткиво со лузни и ја олеснува каскадата на лековити активности што резултира со ремоделирање на засегнатите структури на меките ткива. Адхезиите во мекото ткиво кои можеби се развиле како резултат на хируршка интервенција, имобилизација, прекомерно напрегање или други механизми, се разградуваат што овозможува целосна функционална реставрација.
Состојби во кои најчесто се применува IASTM :
- Медијален епикондилитис,
- латерален епикондилитис
- Синдромот на карпален тунел
- Болка во вратот
- Плантарен фасцитис
- Тендинитис на ротаторната манжетна
- Пателарен тендинитис
- Тибијален заден тендинитис
- Болка во петицата / Ахилова тендинитис
- DeQuervain-ов синдром
- Постхируршки и трауматски лузни
- Миофасцијална болка и ограничувања
- Мускулно-скелетни нерамнотежи
- Хроничен оток на зглобовите поврзан со истегнување/напрегање
- Истегнување на лигаментите
- Напрегање на мускулите
- Не-акутен бурзитис
- RSD (рефлексна симпатична дистрофија)
- Болка во грбот
- Болка во колкот (замена)
- Синдром на ИТ бенд
- Хронично истегнување на глуждот
- Акутно истегнување на глуждот (напредна техника)
- Лузни (хируршки, трауматски)
Контраиндикации
- Отворена рана (незалечено место на шиење)
- Неизлечена фрактура
- Тромбофлебитис
- Неконтролирана хипертензија
- Нетолеранција/хиперсензитивност на пациентот
- Хематом
- Остеомиелитис
- Миозитис ossificans
- Хемофилија
Мерки на претпазливост
- Антикоагулантни лекови
- Рак
- Проширени вени
- Лузни од изгореници
- Акутни воспалителни состојби
- Дисфункција на бубрезите
- Воспалителна состојба секундарна на инфекција
- Ревматичен артритис
- Бременост
IASTM Физиологија и придобивки
Физиолошки механизам
Повеќето истражувања (студии) се насочени на придобивките од IASTM на клеточно ниво. Воспалителниот одговор инициран преку микротраума на погодените ткива резултира со зголемена пролиферација на фибробластите, синтеза на колаген, созревање и ремоделирање на неорганизирана матрица на колагенски влакна по примената на IASTM. Што резултира со распаѓање на ткивата на лузни, адхезии и ограничувања на телото.
Фибробластот се смета за најважна клетка во екстрацелуларниот матрикс (ECM). Регенерацијата и одржувањето на меките ткива се одвиваат во ECM. Фибробластот го синтетизира ECM, кој вклучува колаген, еластин и протеогликани, меѓу многу други суштински супстанции. Фибробластите имаат способност да реагираат како механотрансдуктори, што значи дека се способни да детектираат биофизички напрегања (деформации) како што се компресија, вртежен момент, смолкнување и проток на течност, и да создадат механички хемиски одговор.
Клинички придобивки
Студиите, исто така, покажаа клинички придобивки од IASTM покажувајќи подобрувања во опсегот на движење, силата и перцепцијата на болка по третманот. Мелхам и неговите соработниците откриле дека IASTM значително го подобрил опсегот на движење кај фудбалер по 7 недели IASTM и физикална терапија. Мелхам и сор. откриле дека ткивото на лузната што го опкружува латералниот малеолус е намалено и структурно ремоделирано по примената на IASTM. Вилсон и соработниците открија подобрување во намалувањето на болката и скалата на оштетување на 6 и 12 недели по апликацијата IASTM за пателарен тендинитис.
Практична примена
IASTM секогаш треба да се комбинира со програма за движење и зајакнување за да се подобри ремоделирањето на ткивата.
Примената на IASTM е во 6 чекори.
- Преглед-проценка
- Загревање,(загревањето се прави 10-15 минути со лесно џогирање, стационарен велосипед или ергометар за горниот дел од телото).
- IASTM третман, изведен под агол од 30-60 степени за 40-120 секунди
- Истегнување, 3 повторувања по 30 секунди
- Зајакнување, голем број на повторувања со вежбање со мало оптоварување
- Криотерапија, 10-20 мин.
Важно е да се дезинфицира инструментот помеѓу пациентите за да се избегне пренос на инфекции. Се препорачува да се дезинфицира инструментот со средства за дезинфекција на пр. изопропил алкохол, потоа да се измие со сапун и вода за да се отстранат сите остатоци од хемиското средство за дезинфекција од инструментот. Ако алатот контактира со крв, телесни течности, мукозни мембрани или неоштетена кожа, тогаш треба да се дезинфицира со средство за дезинфекција на високо ниво.
References
Cheatham SW, Baker R, Kreiswirth E. Instrument assisted soft-tissue mobilization: A commentary on clinical practice guidelines for rehabilitation professionals. International journal of sports physical therapy. 2019 Jul;14(4):670.
Lambert M, Hitchcock R, Lavallee K, Hayford E, Morazzini R, Wallace A, Conroy D, Cleland J. The effects of instrument-assisted soft tissue mobilization compared to other interventions on pain and function: a systematic review. Physical Therapy Reviews. 2017 Mar 4;22(1-2):76-85.
Ge W, Roth E, Sansone A. A quasi-experimental study on the effects of instrument assisted soft tissue mobilization on mechanosensitive neurons. Journal of physical therapy science. 2017;29(4):654-7.
Nazari G, Bobos P, MacDermid JC, Birmingham T. The effectiveness of Instrument-Assisted soft tissue mobilization in athletes, participants without extremity or spinal conditions, and individuals with upper extremity, lower extremity, and spinal conditions: a systematic review. Archives of Physical Medicine and Rehabilitation. 2019 Sep 1;100(9):1726-51.
Fowler S, Wilson JK, Sevier TL. Innovative approach for the treatment of cumulative trauma disorders. Work. 2000 Jan 1;15(1):9-14.
Wilson JK, Sevier TL, Helfst R, Honing EW, Thomann A. Comparison of rehabilitation methods in the treatment of patellar tendinitis. Journal of Sport Rehabilitation. 2000 Nov 1;9(4):304-14.
Thomas L. Sevier, M.D. Gale M. Gehlsen, Ph.D. Sue A. Stover, P.T. Julie K.Wilson M.S.A. Form of Augmented Soft Tissue Mobilization In the Treatment of Lateral Epicondylitis.Medicine and science in sports and exercise.1995;27(5).
Prohealthsys. What is IASTM? – Dr. Nikita Vizniak prohealthsys.com. Available from: https://www.youtube.com/watch?v=65e-mp3Xjh0 [last accessed 3/11/2020]
Cheatham SW, Lee M, Cain M, Baker R. The efficacy of instrument assisted soft tissue mobilization: a systematic review. The Journal of the Canadian Chiropractic Association. 2016 Sep;60(3):200.
Gehlsen GM, Ganion LR, Helfst RO. Fibroblast responses to variation in soft tissue mobilization pressure. Medicine and science in sports and exercise. 1999 Apr;31(4):531.
Davidson CJ, Ganion LR, Gehlsen GM, Verhoestra BE, Roepke JE, Sevier TL. Rat tendon morphologic and functional changes resulting from soft tissue mobilization. Medicine and science in sports and exercise. 1997 Mar 1;29(3):313-9.
Cheatham SW, Kreiswirth E, Baker R. Does a light pressure instrument assisted soft tissue mobilization technique modulate tactile discrimination and perceived pain in healthy individuals with DOMS?. The Journal of the Canadian Chiropractic Association. 2019 Apr;63(1):18.
Kim J, Sung DJ, Lee J. Therapeutic effectiveness of instrument-assisted soft tissue mobilization for soft tissue injury: mechanisms and practical application. Journal of exercise rehabilitation. 2017 Feb;13(1):12.
Melham TJ, Sevier TL, Malnofski MJ, Wilson JK, Helfst Jr RH. Chronic ankle pain and fibrosis successfully treated with a new noninvasive augmented soft tissue mobilization technique (ASTM): a case report. Medicine and science in sports and exercise. 1998 Jun 1;30(6):801-4.
Wilson JK, Sevier TL, Helfst R, Honing EW, Thomann A. Comparison of rehabilitation methods in the treatment of patellar tendinitis. Journal of Sport Rehabilitation. 2000 Nov 1;9(4):304-14.
Snodgrass SJ, Rivett DA. Thumb pain in physiotherapists: potential risk factors and proposed prevention strategies. Journal of Manual & Manipulative Therapy. 2002 Oct 1;10(4):206-17.
2 коментари
ERGON Course – Македонско Физиотерапевтско Здружение
[…] https://fizioterapevti.mk/%d0%bc%d0%be%d0%b1%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d0%b7%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%… […]
Се одржа курсот Ergon Basic IASTM – Македонско Физиотерапевтско Здружение
[…] Се применува со помош на инструменти кои обично се направени од нерѓосувачки челик со заоблени рабови и контури кои одговараат на различните анатомски локации на телото и овозможуваат подлабоко продирање. Се користи за откривање и лекување на нарушувања на меките ткива. Повеќе информации за оваа техника на следниот линк […]