Метатарзалгијата претставува вообичаена повреда настаната од прекумерна употреба, опишана како болка во предниот дел на ногата, што е поврзана со зголемен стрес на метатарзалните коски. Метатарзалгијата многу често може да се најде и како симптом, отколку како специфична болест.
Телесната тежина се пренесува на стапалото со помош на гравитацијата. Овој пренос на сила се зголемува на предниот дел на ногата за време на фазите на одење и трчање. Во регионот на предниот дел, поточно првата и втората метатарзална коска ја добиваат најголемата количина од овој трансфер на енергија.
Спортистите кои учествуваат во спортови кои вклучуваат трчање или скокање се изложени на голем ризик од повреди на предниот дел на стапалото. Иако тркачите на терен се изложени на највисоко ниво на трауматски сили во предниот дел на стапалото, многу спортисти, вклучувајќи ги и спортистите по тенис, фудбал и бејзбол не се исклучени од овој вид на повреда.
Примарниот симптом на метатарзалгијата е болка на една или повеќе метатарзални коски (коските на стапалото). Болката може да се движи кон предниот дел на ногата. Болката обично се влошува за време на одење или трчање.
Стапалото најчесто е повредено за време на повторувачки спортски активности со висок притисок на предната страна на ногата. Како и во многу други симптоми на прекумерна употреба, оваа состојба може да се појави и како резултат на промена на нормалната биомеханика на стапалото што предизвикува абнормална распределба на тежината помеѓу коските на стапалото.
Дијагнозата се поставува врз основа на лабораториски наоди, рентген снимка, Ф-скен тест и др.
Првичниот третман вклучува редовна апликација на лед (криотерапија) и примена на компресивен завој. Оптоварувањето во првите 24 часа од повредата не е препорачливо, за потоа да се започне со пасивен опсег на движење и ултразвук. Употребата на метатарзални влошки и други ортотични уреди може да обезбедат олеснување на болката дури и во раните фази на третманот.
Рехабилитацијата започнува уште првиот ден по повредата, пасивен обсег на движење, зајакнување на мускулатурата и повторно воспоставување на функцијата.
Семи-ригидните ортози во потпорни чевли се ефикасен третман за метатарзалгија. Потпорните чевли без ортозите не се покажале дека обезбедуват соодветно олеснување на болката.
Примарниот фокус на третманот е реставрација на нормалната биомеханика на стапалото и олеснување на притисокот во областа на симптомите. Откако индивидуата е без болка, тогаш се започнува со изометриски, изотонични вежби и изокинетичко зајакнување на мускулите. Вежбите со пасивен опсег може да напреднуваат во активни вежби доколку воспалението е неприсутно.
Терапија за зголемување на дорзифлексијата (свиткување на стапалото кон потколеницата) всушност ја подобрува прогресијата на голеницата (тибија) со што се намалува стресот на предниот дел на стапалото. Зајакнувањето на флексорите на стапалото (мускулите одговорни за свиткување на стапалото) може да овозможи поголем капацитет за оптоварување на прстите на стапалото.
Пливањето е одлична вежба за одржување на физичката кондиција додека пациентот е во ограничена фаза на заздравување на стапалото.
Високиот притисок под метатарзалните коски може да се намали со примена на метатарзални влошки, во облик на капка солза.
Нестероидни антиинфламаторни лекови, како ибупрофен се од голема корист за намалување на симптомите на болка кај метатарзалгијата, но, овие медикаменти ретко даваат долгорочно решение. Често пати, користењето на NSAIDs доведува до други несакани ефекти на внатрешните органи. Постои лимитирање во времетраењето на користење на овие лекови. Најчести несакани ефекти се ослабување на функцијата на дигестивниот тракт, стомачни болки, улцери, враќање на желудочната киселина кон хранопроводот, метален вкус во устата и крварења доколку се користат повеќе од предвиденото време. Затоа, доколку се користат, не е предвидено да е повеќе од една до две недели.
Враќањето на пациентот во нормална атлетска функција зависи од природата на повредата и специфичните потреби на конкретниот спорт. Резолуцијата на патолошките дефицити кои се поврани со повредата вклучува и обновување на флексибилноста, зајакнување, аеробна кондиција, добра исхрана, како и добри додатоци во исхраната за да се спречи појавување на ваков вид на симптоматска болка.
За нормална ортокинетика, како и зајакнување на зглобовите за подобар атлетски став, високо препорачан е додатокот во исхраната FLEXOFYTOL, своите додатоци кои се доволни да ги заштити сите нивоа на ‘рскавицата со помош од екстракт од куркума.
Неговиот ефект се должи на можноста да го намали воспалението преку делување на создавање на медијатори на инфламација, простангландини и леукотриени, а со тоа и се намалува и болката на пациентите.
Предноста од употребата на овој препарат е во тоа што може да се користи неограничено долго, без да предизвика некои несакани ефекти што ова не одговара за оние кои сакаат да користат NSAIDs.
Овој препарат може да го користи секој кој е спортски активен и сака да ја задржи флексибилноста и да намали страдање на телото, посебно на зглобовите и мускулите од било како физички напор. Се разбира, може да го користат и рекреативци и професионални спортисти.
Но, пред употребата на овој додаток на исхрана, сепак потребни се вежби за истегнување пред било каква спортска активност за соодветно да се акумулираат екстрактите од куркумата во оние региони кадешто може многу да помогне. Тркачите, жените спортисти на диети може да изгубат нутритиени и да резултира со губење на коскен дензитет предиспонирајќи ја повредата на стапалото. Добро заоблената диета и соодветните додатоци во исхраната се неопходни за здрави ткива.