Напредно
Пребарување

Кога да се употреби мраз кај акутни повреди:

  • Во првите 48 саати од повредата
  • Енормно зголемен оток во однос на здравиот екстремитет
  • Повреди на дисталните делови од горните и долните екстремитети
  • Неиздржливи болки кои ги попречуваат движењата

Кога не се употребува криотерапија:

  • После 48 саати од настанокот на повредата
  • Заболување на периферните крвни садови
  • Кај полесни повреди без голем оток и болка

Како се употребува криотерапијата:

  • Се препорачува да се употреби веднаш по настанувањето на повредата
  • Секогаш користете некаков посредник помеѓу мразот и кожата
  • До 5 минути во една сесија и не повеќе од 4 до 5 пати во текот на денот
  • По криотерапијата да следуваат движења во зафатениот дел

Поминаа 48 саати, што понатаму?

Стариот акроним за справување со акутни повреди RICE кој означува 1. Целосен одмор (REST), ладење (ICE), компресија (COMPRESSION) и елевација (ELEVATION) се фокусира само на акутната фаза на повредата онаа до 48 саати. Според последни истражувања знаеме дека целосен одмор не е ефикасен и не придонесува до природните процеси на заздравување на ткивото. Мразот е тема на тебата во последните 10 години, според некои истражувања тој помага само при намалување на болката и тоа до првите 72 часа но затоа пак може да го компромитира и забави природниот механизам на телото во заздравување на повредата. Во новиот акроним наречен PEACE & LOVE, ставката ICE е изоставена за да лицата и терапевтите се фокусираат на третирање на човекот како целосно и единствено битие а не само на неговата повреда. Тој ги опфаќа фазите и после првите 48 часа од повредата, како лицето да продолжи со рехабилитацијата или враќање во спортот.

P – Protection –  Заштита

Е – Elevation – Подигнување

А – Avoid Anti-Inflamatorries – Избегнувајте апчиња за болка

C – Compression – Компресија

Е – Education – Едукација

L – Load – Оптоварување

О – Optimism – Позитивност

V – Vascularisation – Васкуларизација

Е – Exercise – Вежбање

Dubois B, Esculier J. Soft-tissue injuries simply need PEACE and LOVE. British Journal of Sports Medicine 2020;54:72-73.

Peace and Love Principle. (2020). Retrieved 20 August 2020, from https://www.physio-pedia.com/Peace_and_Love_Principle

I, Wiles L, Waller R, Goucke R, Nagree Y, Gibberd M, Straker L, Maher CG, O’Sullivan PP. What does best practice care for musculoskeletal pain look like? Eleven consistent recommendations from high-quality clinical practice guidelines: systematic review. British journal of sports medicine. 2020 Jan 1;54(2):79-86

Bleakley CM, Glasgow P, MacAuley DC. PRICE needs updating, should we call the POLICE?British Journal of Sports Medicine 2012;46:220-221.

Остави го твојот коментар.

Сподели на:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

Напомена!

Целата содржина припаѓа на авторот и е во целосна негова сопственост и одговорност. Сите содржини се заштитена врз основа на правото за лична и интелектуална сопственост и сродните права. Доколку приметите злоупотреба, дискриминација и навредливи содржини, слободно контактирајте не.