Првите истражувања за дејството на електричната енергија се направени уште во 18 век, но целосно е цврсто етаблирано во 20 век при што е докажано дека електричната енергија е еден од најважните механизми кој се користи за комуникација помеѓу нервниот систем и мускулите.
Сите овие истражувања допринесоа до развој на сè пософистицирана опрема која може да евидентира електрични или функционални промени на нервите и мускулите, како резултат од електрично стимулирање на овие структури.
Електростимулацијата може да се искористи во диагностички ,терапевтски и тренинг цели со дразнење на ткивата со контиунирана или импулсна електрична енергија.
Електростимулација (ES) се користи за зајакнување на здрави мускули или да се задржи мускулната маса во текот или по периодот на присилна неактивност, да се задржат или да се здобијат со опсег на движење, да се олесни доброволната моторната контрола и привремено намалување на спастицитет кога нервното снабдување на мускулите е недопрено.
Мозокот како централен компјутер прима вантрешни и надворешни сигнали и праќа одговори.Информациите во двата смера се простираат во вид на електрични сигнали по нервите.Овој ефикасен комуникациски систем е во состојба со голема брзина да управува со повеке милиони информации истовремено.
Активноста на нашите мускули е контролирана од централниот нервен систем (ЦНС), мозокот и ‘рбетниот мозок. Финалната команда која на мускулот му кажува да изврши движење се доставува од специјализирани нервни клетки лоцирани во централниот нервен систем наречен како мотонеурон.
Основната функционална компонента на скелетните мускули е моторната единица која ја сочинуваат сите мускулни влакна што ги инервира една алфа моторна клетка со својот аксон.При оштетување настанува-денервација на мускулните влакна на соодветната моторна единица која може да биде парцијална или комплетна.
Во денервираните мускулни влакна настанува атрофија и дегенерација поради инактивност и прекин на транспорт на невротофички материи,мускулните влакна стануваат потенки но можат да хипертрофираат ако дојде до реинервација.Првите 3-4 месеци атрофијата напредува многу брзу ,за да после 6-9 месеци стагнира самиот процесот.
При примена на електростимулација неопходна е добра соработка со пациентот.Секоја контракција треба да биде следена со големо волево учество т.е.интенциони вежби да се потруди да го изведе бараното движење доколку е во можност.Примената на стимулација му дава на пациентот и визуелно осознавање дека движењето кое е изгубено сепак е можно да се врати ,но се бара негова активност во процесот. Така ,евентуално изгубената шема на движење може да се врати и повторно да се формира и зацврсти.
За да се предизвика мускулна контракција потребно електричните импулси да имаат одреден интезитет на траење и интеримпулсен интервал – пауза
Најчесто се користат експоненцијални импулси од 150-500 µsec со 2-6 пати подолга пауза.Јачината на импулсот се нагодува така да се добие максимална контракција бидејки само таквата контракција може да го забави развојот на атрофија и дегенерација.Параметрите на импулсот треба да се одберат во согласност со степенот на оштетувањето на денервираните мускули.
Денервираните мускули имаат намалена електрична надразливост така што за нивната контракција е потребен поголем интезитет и подолго траење на импулсот а имаат и потреба од подолга пауза помеѓу две контракции.
За да се постигне оптимална реакција на мускулот мора да се посвети внимание на следното :
- Селективно дразнење на определен мускул.
- Интензитетот на струја и траењето на импулсот треба да бидат доволни силни и долги за да се добие квалитетна контракција а да не се предизвика мускулен замор.
- Денервираниот мускул не смее да се пренапрега,кога се намали интензитетот на контракцијата треба да се направи пауза и да се прекине третманот.
- Електростимулацијата треба да се прави пред другите физиотерапевтски процедури со цел мускулот да биде потполно одморен за третманот.
- Пациентот не смее да прима лекови како што се седативи,хипнотици и сл.кои можат да влијаат врз ефектот на електростимулацијата.
Со електростимулација треба да се започне непосредно по оштетувањето на периферниот моторен нерв,бидејки атрофијата брзо се развива.Реинервацијата која настанува со разраснување на оштетениот аксон трае многу долго,што зависи од должината на оштетениот нерв.На пример реинервациајата на мускулите на шаката и стопалото при оштетување на на нивните нерви во проксималниот дел може да трае и до 2 години.
Електростимулацијата може да се спроведува во болнички и домашни услови во процесот на рехабилитација при определени заболувања кај кој може да се употреби ваков физиотерапевтски третман.Оваа процедура треба да биде спроведена исклучиво од високо едуцирани физиотерапевти кои можат да направат проценка и план за работа.