Бурзитисот на Ахиловата тетива уште познат и како ретрокалканеален бурзитис е многу честа состојба. Тој претставува воспаление на бурзата лоцирана помеѓу калканеусот и предната површина на Ахиловата тетива. Постојат две бурзи лоцирани веднаш над припојот на Ахиловата тетива. Воспалението на едната или двете бурзи може да предизвика болка во задниот дел на петата или регијата на глуждот.
Антериорно или длабоко до тетивата се наоѓа ретрокалканеалната (субтендинозна) бурза, која е лоцирана помеѓу Ахиловата тетива и калканеусот.
Постериорно односно суперфизијално (површно) кон Ахиловата тетива се наоѓа поткожната калканеална бурза уште наречена и Ахилова бурза. Оваа бурза е лоцирана помеѓу кожата и задниот дел на дисталната Ахилова тетива.
Често се меша со Ахилова тендинопатија но исто така може да се појави како дел од неа.
Бурзитот на Ахиловата тетива е доста чест како кај спортистите така и кај општата популација. Кај општата популација има повисока инциденца кај лицата кои често носат високи потпетици долгорочно при што се предизвикува истегнување и иритација на Ахиловата тетива и нејзините бурзи.
Причини
Бурзитот на Ахиловата тетива може да се појави при трауматски падови или при спортски трауми. Исто така се појавува и при чести репетитивни трауми врз бурзата при одредени спортски активности (на пр. Трчање).
Останати причинители за оваа состојба може да се:
- Прекумерно вежбање (кај спортисти)
- Тесни и некомотни обувки
- Високи потпетици
- Промени на зглобната оска
- Споредна состојба при Гихт
- Кај деформитети на Хаглунд (згломенеа коска на петата).
Знаци и симптоми
- Болки во задниот дел на петата, поизразени при трачање и искачување на нагорнини
- Болка која се влошува при подигање на прстите од стапалото
- Зголемена чувствителност на задниот дел од петата
- Оток во задниот дел од петата
- Зголемување на болката во петата при движење и физичка активност
Физиотерапевтски третман
Во акутна фаза на оваа состојба може да се нанесува криотерапија на скочниот зглоб и задниот дел од петата неколку пати на ден 10 до 15мин.
- Вежби за истегнување на стапалото и потколеницата
- Кинезиотејпинг
- Мобилизација на меки ткива со помош на инструменти
- Терапевтски ултразвук
- Електростимулација
- Едукација на пациентот за користење на соодветни обувки и дозирање на физички активности
1 Коментар
Todor Kostakev
Imam bolki,nad petata,zadniot del,leva noga,osobeno po podolgo stoenje,ima li mast,krem nesto,fala